Македонија

Се бара куќен притвор за Крешник Бектеши

Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени за трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“ – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија. За 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен […]

Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени за трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“ – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија. За 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор.

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ ги привршува дејствата на распити на сведоци – очевидци на настанот, соопшти Јавното обвинителство.

Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика, се додава во соопштението. Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди.

  • Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени – поранешен министер Крешник Бектеши и поранешен државен секретар во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор. По предлозите на обвинителството ќе одлучува Судот“, соопшти Јавното обвинителство.

Најнови вести од: Македонија

Повелете, неписмен бугарски публикуме – Адвокатка ги демаскира бугарските напади врз македонскиот капитен

Македонскиот капитен го повтори тоа што преходно во Софија го стори претседателката Сиљановска-Давкова која одби да одговара на бугарски јазик и зборуваше на англиски јазик

To top