Македонија

Се избираат градоначалници за 32 општини и во Градот Скопје

Првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори се очекува ДИК да ги соопшти околу 23 часот вечерва

Во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето на државата.

Се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1.771 избирачки места. До 19 часот правото на глас можат да го искористат 1. 013.375 гласачи, меѓу кои и 474.304 избирачи во Градот Скопје.

Во Скопје ќе избираат граѓаните на Аеродром, Карпош, Центар, Шуто Оризари и на Градот Скопје.

На локалните во земјата само три жени во трка за градоначалничко место во вториот круг.

Вчера, на ден пред изборите, гласаа затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни лица и лица во старските домови.

ДИК најави дека првите согледувања за текот на гласањето и за излезеноста ќе ги објави на прес-конференција во 09:30 часот.

Првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори се очекува ДИК да ги соопшти околу 23 часот.

На 19 октомври, на првиот круг локалните избори завршија и се избрани 44 градоначалници како и за советите на општините, освен во Шуто Оризари каде на три избирачки места денеска се прегласува.

Гласање нема во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа поради малата излезност на гласачите. Таму ќе се гласа во рок од 60 дена од завршувањето на локалните избори.

Најнови вести од: Македонија

Македонија фактор на енергетската стабилност: Намалени акцизи, намален данок, најевтини горива во регионот

Цената на горивата нема да отиде над 100 денари, дизелот останува ист, бензинот поевтин за два денари по литар. И покрај нагорните трендови на светските берзи, македонските граѓани ќе продолжат да плаќа најевтини горива во регионот. Владата и официјално ги намали акцизите, 4 денари за нафтата и 2 денари за бензините. На сила уште најмалку […]

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Околу 65 килограми марихуана запленети кај Градско, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик

Oд 1 септември ќе биде пуштена во сообраќај првата линија на „Градски воз“

Проектот Градски воз напредува одлично, до јуни ќе биде завршена линијата од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода до Нова железничка станица, а од 1 септември пуштена за сообраќај, информираше министерот за транспорт Александар Николоски.

To top