Македонија

Се плашат од едно знаме и од историската вистина, се пожали бугарскиот провокатор на гробот на Делчев

Според Димитар Панчев, во Македонија ги дразнел симболот и тоа што „Гоце е Бугарин според историските докази и самосвеста“

Димитар Панчев, кој се „прослави“ со обидот да се фотографира со знамето на Бугарија на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје и со дофрлувањето дека револуционерот е Бугарин при одбележувањето на 154-годишнината од неговото раѓање, во бугарските медиуми се пожали за односот од македонската полиција.

„Ден во кој видовме страв од едно знаме и од историската вистина, но и ден во кој докажавме дека Бугарите од двете страни на границата можат да застанат заедно и достоинствено да го испочитуваат Гоце Делчев“, го цитира Панчев бугарската вебстраница „Таралеж“.

Активистот на „Куберов воин“ и на Фондацијата „Македонија“ на Виктор Стојанов, кој има забрана за влез во државава не неодредено време, со група истомисленици рано утрото на 4 февруари тргнале од Бугарија за Македонија преку Србија, за да ги избегнат вообичаените проверки, како што вели.

Сепак, од тоа не куртулиле, па детално биле „тресени“ околу половина час, според него, иако „немаше причина, само демонстрација: ‘Вие сте под надзор’“.

„Околу важни датуми, често се бара изговор луѓето да бидат вратени, понижени и обележани со ‘црн печат’. Ова е политика на заплашување, а не на гранична контрола“, додава Панчев.

До црквата, вели, биле придружувани од патролни и цивилни возила и следени со дронови, а пред неа им се придружиле Бугари од Македонија.

Најтензичниот момент се случил во дворот на црквата „Свети Спас“, каде што им било симнато бугарското знаме и забрането фотографирањето.

„Не поради ред или опасност, туку затоа што симболот ги дразни. Полицијата не реагираше, стоеше таму рамнодушно и нè повика да си одиме“, вели Панчев.

Тој нагласува дека групата реагирала мирно, наведувајќи дека Гоце Делчев е Бугарин според историските докази и самосвеста.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top