Македонија

Крајот на септември ќе има нов топлотен бран

Во Македонија температурите ќе се искачат до 30 степени

Топло време со температури значително над просекот се очекува во голем дел од Европа во завршницата на септември, а според прогнозите, затоплувањето би можело да продолжи и во првите денови од октомври.

Причина за ваквата временска состојба е силната област со висок воздушен притисок што се очекува да се формира над континентот. Таа ќе овозможи продор на топол воздух од Медитеранот и Северна Африка кон северните делови на Европа.

Во западна, централна и северна Европа температурите на височина би можеле да бидат дури 8 до 12 степени над вообичаените вредности за овој период. На земја, во повеќе подрачја температурите ќе надминат 25 степени, а локално би можеле да достигнат и 30 степени.

Топлиот воздух постепено ќе се проширува и кон Балканот. Во северна Италија и централниот Балкан се очекуваат температури од 28 до 30 степени.

Денеска свежо и ветровито

Најнови вести од: Македонија

To top