Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Претседателката на Основниот суд Куманово, Снежана Манев, подолго време ги навредувала на лична и национална основа вработените во судската администрација, обвини Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ). Претседателот Трпе Деаноски денеска на прес-конферанција побара оставка поради мобинг на вработените. Од 90 вработени во судската администарција 75 ја потпишале преставката против претседателката. Тие службеници за време на паузата излегоа пред судот за да го изразат своето незадоволство од атмосферата и условите во кои работат.

  • „Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете, ќе ве запалам, ќе ве ставам под нозе, прво ќе те умрам па ќе напуштам работа, вие од овој суд може да заминете само со брза помош, а пцостите кои ги упатува кон вработените мене лично ми е срам да ги изговорам. Вакви зборови секојдневно се упатуваат до вработените во судот и тоа најчесто пред странки и граѓани. Тоа се само дел од навредите кои секојдневно ги трпат вработените, а ги навредува и по верска и национална основа. Истото е евидентирано и во извештајот на Судскиот совет во 2023 година, односно дека претсдателот на Основниот суд Куманово во голема мера ги има нарушено меѓучовечките односи во судот“, изјави Деаноски.

Тој вели дека вработените неколкупати досега се обраќале до Судскиот совет и Министертсвото за правда, но немало реакција. Единствено, двајца претставници од Судскиот совет дошле да проверат дали потписите на вработените са автентични, но не и да преземат нешто за однесувањето на претсадателката.

  • „Бараме Судскиот совет веднаш да постапи по преставката на вработените и да ги штити нив, а не претседателите и судиите кои го штетат угледот на судството во државата. Да испитаат како претседател на Основен суд е избран без да помине психолошко тестирање. Да испитаат како може претседател на суд да се меша во ингеренции на администратори на вработени, да покажува интерес само за одредени предмети. Ја повикувам претседателката веднаш да престане со психички малтретирања на вработените и да си поднесе оставка. Го повикувам Судскиот совет сериозно да си ја сфати работата и да ги испита сите наводи од поднесената преставка. Да ги заштити вработените од влијанието на претсeдателката, да започне постапка за разрешување согласно предвидените закони за судови. Доколку тоа не се случи, сите колеги кои се зад мене ќе почнат протести, а спремни сме да го затвориме судот со штрајк“, изјави Деаноски.

Претседателката денеска не беше на работа, а новинарите ги прими нејзиниот заменик Неџат Мемети, кој кажа дека е оправдано отсутна, и ни даде писмено соопштение. Во него се наведува дека организатори на протестот се тројца луѓе, а причината е изречена казна на судскиот администратор за несовесно вршење на работните задачи.

Претседателката на Основниот суд во Куманово, Снежана Манев, ги отфрла обвинувањата. Таа денеска не била на работа, а новинарите ги примил нејзиниот заменик Неџат Мемети, кој соопштил дека Манев е оправдано отсутна и го доставил нејзиното писмено соопштение. Во него Манев тврди дека наводите за незаконско и недолично однесување кон вработените се „потполно неточни и невистинити“.

Сега се очекува реакција на Судскиот совет по претставките на вработените, додека УПОЗ најави протести и штрајк доколку во наредните осум дена не биде преземено конкретно дејствие.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top