Македонија

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“, почнува реорганизација на наменската фабрика

За 4 милиони и 200 000 евра

За 4 милиони и 200 000 евра се продаде прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“, кој е и последен на листата на загубари во земјава.

Како инвеститори се јавија полска фирма „FHR ARMORL LOGISTIKS Sp z.o.o.  и македонска компанија, „Футура мода Д&А ДООЕЛ – Скопје“.

„Еурокомпозит“ со неизвесна судбина беше 15-тина години, а од 2021 година во стечај.

Стечајниот судија во прилепскиот суд Јасмина Шишковска го прифати нивниот план за реорганизација на „Еурокомпозит“ со што конечно е продадена наменската фабрика. Првата рата доверителите веќе ја добија.

– Сумата од 4 милиони и 200 000 евра е всушност 65 проценти од вкупните побарувања на доверителите. Тие се согласија со понудената сума и со планот за реорганизација на фабриката. Инвеститорот парите ќе ги уплаќа на 4 рати на крајот на секоја наредна година. Првата рата од еден милион евра веќе им е исплатена на доверителите кон крајот на декември. До целосно исплаќање на парите, новите инвеститори се корисници, а тогаш ќе бидат и целосни сопственици на фабриката, објаснува стечајниот судија Шишковска.

Меѓу доверителите се Стопанска банка од Битола како најголем зашто имотот беше под хипотека во банката, потоа УЈП, МВР, Министерството за одбрана, а доверители се и поранешните вработеникон кои фабриката имаше недоисплатени обврски.

-Според мене, малку беше 65 проценти што ни ги исплатија, но бевме ставени во ситуација „земи или остави“. Ако не го прифатевме овој договор што ни го нудеа, ни се закануваа со ликвидација, а тогаш – се знае, немаше ниту денар, а земеме. И, по толку време и години голгота, повеќето од луѓето прифатија зашто немаше друг излез. Една рата ни исплатија веднаш кога го потшишаа договорот и сега во наредниве три години ( крајот на 2026, 2027 и 2028година) треба да ги добиеме уште трите рати. Само лошо е што дел адвокати бараат исплата одеднаш за сите услуги, а немаше многу што тие сработија, вели Цветан Бунтески, поранешен вработен и доверител.

Според планот, ќе се ангажираат од 150 до 200 работници. Веќе се преземени и првите чекори со промени на инсталации во Фабриката.

Поранешните вработени се малку скептични, но ќе се чека на рестартирањето.

– Фабриката не е баш во многу добра состојба сега. Откако отиде во стечај многу работи, велат, ги нема. Наводно, новите сопственици почнале да ја менуваат инсталацијата на водата, струјата, има веќе и ангажирани наши поранешни вработени. Неофицијално се говори дека ќе се произведуваат панцири, шлемови, а и дронови. Но, времето ќе покаже како ќе се одвиваат работите и како конечно ќе заживее овој некогашен гигант во наменската индустрија, едиствен во Македонија, вели поранешниот вработен во „Еурокомпозит“, Цветан Бунтески.

Според поранешните вработени, на судските рочишта се појавувале само претставниците на полската, но не и на македонската фирма.

Најнови вести од: Македонија

Официјално: Поранешниот градоначалник на Карпош мора да се јави во затворот „Шутка“ најдоцна до 2 јули

Согласно законските процедури, судијата за извршување на санкции официјално му го достави упатниот акт на С.Ј., со што се утврдува обврската осудениот да ја издржи едногодишната затворска казна.

ВРЕДИ за „крокодилските солзи“ на Али Ахмети и ДУИ

ДУИ ја призна вината за правосудниот испит. Шефицата на пратеничката група на ДУИ, Рина Ајдари, со своја уста гхого кажа она што ВРЕДИ го кажува со месеци дека  ДУИ беше на власт, не му даде приоритет ниту на албанскиот јазик ниту на правосудниот испит

Мицкоски: Преферираме редовни избори во 2028, но сме подготвени за сите сценарија

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата и натаму ја преферира опцијата за редовни парламентарни избори во 2028 година, но нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и за други можни политички сценарија.

Димитровски: Странските претставници ни велат дека нашиот проблем е опозицијата, која вели дека треба да се смени Уставот

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, оцени дека Македонија го има клучниот проблем да ги почне преговорите со Европската Унија, а тој проблем е билатерален и наметнат од Бугарија, иако Софија постојано тврди дека станува збор за работа со ЕУ.

To top