Македонија

„Сејф сити“: На црвено во Скопје поминале 64 возачи, во Куманово 24 а во Тетово 5-мина

Изречените казни од Безбеден град

Според последните информации од Министерството за внатрешни работи, преку  „Сејф сити“ во првите 24 часа за минување на црвено светло констатирани биле 64 прекршоци, од кои на територија на Скопје 35, Тетово пет, Куманово 24. „За возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 582 прекршоци, од кои 445 во Скопје, 36 во Тетово, 31 во Куманово и 70 на коридорите“ стои во одговорот од МВР за ТВ Алфа. 

Притоа биле изречени вкупно 101 забрана за управување на мотор. 

Од друга страна, речиси 16 илјади казни напишала полицијата во Македонија само во јануари, од кои една петтина се однесуваат за пребрзо возење. 4.233 казни имало за неправилно паркирање, 1.611 биле фатени без возачка дозвола, а 474 возачи пиеле алхокол па седнале зад волан.

„Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 74 лица, од кои 67 за возење под дејство на алкохол, еден поради возење под дејство на дрога и психотропни супстанци или прекурсори, еден возач поради возење во забранет правец, еден за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, четири за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место“ стои во извештајот на МВР.

Полицијата ги казнува и моторџиие и пешаците кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 184 граѓани платиле казна како пешаци кои не се придржуваат до прописите, 16 возачи на мотоцикли немале заштитен шлем, а казнет бил и еден возач на електричен тротинет. 1.093 учесници не носеле појас.

Овие казни, надлежните очекуваат да се намалат неколку кратко откако системот „Безбеден град“ ќе се имплементира на територија на цела Македонија. За министерот Тошковски системот имал успешен старт.

Тошковски: Само 500 прекршоци на стартот на „Безбеден град“ (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

УЈП: Сивата економија ќе се сузбива преку засилена фискализација

Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли и мерки против даночните обврзници кои вршат деловна дејност и остваруваат промет со готовински плаќања, а притоа немаат регистрирано фискален систем на опрема.

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е историски настан за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

To top