Македонија

Селими: Политичката доктрина „Македонија на Македонците“ е можна опасност за нови тензии во иднина!

„Непишаната политичка и институционална доктрина ‘Македонија на Македонците’, според која државата е исклучива сопственост на еден етникум, беше извор на минатите тензии и останува можна опасност за идни тензии. Охридскиот рамковен договор го запре судирот од 2001 година и ја спаси Македонија да не падне во бездната, овозможувајќи ѝ да остане унитарна држава, а Албанците добија механизми што требаше да им гарантираат вистинско учество во државата: фер и соодветна застапеност.“ – нагласува политичкиот аналитичар Сефер Селими од Скопје во својата колумна со наслов „Македонија на Македонците“: од мир до враќање на судирот“, која ја објави информативната агенција Илирија-ИНА.

Селими, кој е основач и извршен директор на Граѓанската организација „Демократска лабораторија“, пишува: Пред дваесет и пет години, Македонија беше на работ на бездната. Судирот од 2001 година не се појави преку ноќ, ниту беше резултат на изолиран инцидент. Тоа беше експлозија на проблем, што се натрупуваше со години: држава што формално им припаѓаше на сите, но во пракса не ги третираше сите како рамноправни.

Во темелот на овој проблем лежеше непишана политичка и институционална доктрина: „Македонија на Македонците“. Овој пристап, кој ја замислуваше државата како исклучива сопственост на еден етникум, создаде внатрешна хиерархија на граѓанство. Ги исклучуваше Албанците од целосната институционална застапеност, но и од основната идеја за еднаквост во државата. Оваа доктрина беше извор на минатите тензии и останува можна опасност за идни тензии.

Албанците беа недоволно застапени во државните институции, албанскиот јазик беше забранет за службена употреба, децентрализацијата беше непостоен концепт, а донесувањето државни одлуки остана монопол на македонското етничко мнозинство. Проблемот не беше само тоа што Албанците бараа повеќе права, туку и тоа што тогашниот модел на државата не успеа да ги приспособи како свои рамноправен дел. Охридскиот рамковен договор го запре судирот од 2001 година, затоа што ја промени токму оваа логика.

Тоа беше историски компромис меѓу две алтернативи: поделба на територијата и поделба на власта. Македонија остана унитарна држава, додека Албанците добија механизми, што требаше да им гарантираат вистинско учество во државата: фер и соодветна застапеност, употреба на албанскиот јазик, децентрализација, двојно мнозинство (Бадинтер) и политички модел, во кој одлуките, што влијаат врз меѓуетничките односи, не можеа да се наметнат преку сила на бројки. Ова беше формулата за мир.

Охридскиот договор не ги реши сите проблеми. Неговото спроведување беше бавно, нецелосно и политизирано. Но, 25 години создаде нешто многу поважно: убедување дека проблемите меѓу Албанците и Македонците можат да се решат во рамките на институциите, а не надвор од нив. Ова беше можеби најголем успех на Охридскиот договор – заклучува Сефер Селими во својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top