Македонија

Шасивари: Првосуден не само на албанки, туку и …

Министерот соопшти дека добил барања од пет универзитети кои имаат правни студии, и тоа три кои изведуваат студии на албански јазик, еден на англиски и еден што има магистерски студии на англиски и на турски јазик

Министерот за правда Јетон Шасивари во изјава за новинарите денес соопшти дека бара решение за полагањето правосуден испиот на албански јазик, нагласувајќи дека тоа не е „ниту политичко, ниту етничко прашање, туку правно, стручно и институционално“.

Притоа министерот соопшти дека добил барања од пет универзитети кои имаат правни студии, и тоа три кои изведуваат студии на албански јазик, еден на англиски и еден што има магистерски студии на англиски и на турски јазик.

Според Шасивари решение ќе се бара со дијалог и со партнерство , поради што планира да покани преставници на универзитетите и на студентските организации на средба каде што ќе им се демонстрира како ќе функционира во практика решението на Министерството за правда. Тој не изнесе детали како ќе изгледа тоа, но уверуваше дека ќе биде уставно, законско и според европските правила.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top