Македонија

Шефот на НАТО утре во Македонија

Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре – 3 март 2026 година, вторник, ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета.

Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО.

Во рамки на програмата, предвидена е и заедничка прес-конференција со претседателката Давкова.

Ова е прва посета на Руте на земјата, откако ја извршува функцијата прв човек на Алијансата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top