Македонија

,,Шмркачот” на кокаин од СДСМ целосно рехабилитиран од партијата

Дали корисникот на кокаин заборави што кажа пред 6 месеци?

Членот на Извршниот одбор на СДСМ Јон Фрчкоски кој стана познат како ,,Шмркач” на кокаин откако беше објавено видео од негово користење на дрога, е целосно рехабилитиран од неговата партија.

Во објава на Фејсбук на СДСМ за активности на Извршниот одбор на партијата на две фотографии се појавува Јон Фрчкоски син на професорот Љубомир Фрчкоски.

Со тоа СДСМ јавно декларира дека нема никаков проблем што нивни висок функционер функционер и член на највисокото партиско тело користел тешки дроги.

Фрчкоски јуниор во март оваа година беше откриен дека користел кокаин кога беше објавено видео на кое се гледа дека ,,шмрка” кокаин.

Шмркањето кокаин се случувало на неговото работно место во Јавното Претпријатие за станбен и деловен простор каде тој беше директор на правната служба.

Фрчкоски јуниор подоцна призна дека шмркал кокаин и се извини на јавноста ,,за грешките во младоста”.

Откако беше фатен директорот на Центарот за истражувања и анализа на СДСМ, Јон Фрчкоски поднесе оставка од функцијата од како што наведе на неговиот Фејсбук профил морални причини по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека конзумирал наркотични средства.

Фрчкоски тогаш нападите врз него ги оцени како дефокус на јавноста за начинот на кој се води истрагата за трагичната несреќа во Кочани, но порача дека не е горд на своето минато и не сака да биде товар на партијата, како и дека нема да дозволи СДСМ да биде мета на напади и јавен линч.

Само шест месеци подоцна Јон Фрчкоски се појавува на дури две фотографии седница на Извршниот одбор на СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top