Македонија

Штекли тврди: Бев желка во минатиот живот!

Обвинет за дилање дрога

Судскиот процес против Раде Трајковски-Штекли, обвинет за трговија со дрога, се најде пред клучна дилема: дали тој е ментално способен да учествува во постапката. Пред судот беа презентирани две целосно спротивставени психијатриски вештачења, оставајќи го судот да одлучи за неговата процесна способност.

Одбраната, преку наодот на психијатарот Ѓорѓија Хаџи Ангелковски, тврди дека Трајковски е психотичен и покажува шизофрени карактеристики. Според ова вештачење, верувањето на обвинетиот во реинкарнација и постоењето на имагинарен учител кој му дава насоки, го прават неспособен да ја следи судската постапка.

Спротивно на ова, вештакот на обвинителството изнесе наод дека кај Трајковски не е нотирана психоза, ниту за време на прегледот, ниту во минатото додека бил во притвор. Според овој експерт, иако Трајковски имал „паранормални искуства“, како што е изјавата дека во минат живот бил желка, тој е целосно способен да учествува во судењето и да ја изнесе својата одбрана.

Додека трае битката со вештачења за лидерот на групата, случајот за останатите обвинети се разјаснува. На денешното рочиште, четворица од нив признаа вина. Ова следува откако претходно уште седуммина се спогодија со обвинителството за затворски казни од 3 до 5 години, со што бројот на обвинети кои се судат заедно со Трајковски се сведе на шестмина.

Судијата Илија Трпков најави дека ќе ги соочи двајцата вештаци пред да донесе одлука дали ќе прифати еден од наодите или ќе нареди ново вештачење. Судењето за овој случај, во кој Трајковски е во притвор од јануари по апсењето кај Гевгелија, ќе продолжи во октомври.

Најнови вести од: Македонија

Петрушевски: Толку ли многу знае Груби што стравот и паниката во СДС се огромни, та се подготвени и да се жртвуваат за него и неговиот криминал?!

„Свесни за сѐ што може да сведочи Груби, во страв и паника го бранат криминалот на поранешниот прв вицепремиер на владата на СДС и ДУИ, па дури и се подготвени да се жртвуваат за него!“ – нагласи пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во денешното обраќање до јавноста.

Несфатлива противречност: Во најновиот нацрт-извештај Вајц во ЕП вели „нема доволен напредок“, а резолуцијата на ПССЕ го „признава напредокот на земјата“?! (1)

Европскиот парламент, Советот на Европа и неговото Парламентарно собрание, нивните известувачи за Македонија, со сите нивни резолуции и извештаи еднаш ‘поздравуваат и признаваат’, но по неколку седмици силно критикуваат дека ‘не е постигнато ова и она’. Тие првин нагласуваат дека ‘Владата искажува политичка волја и посветеност да ги почитува обврските’, но само по кратко време сега се вели дека ‘нема долгорочна политичка посветеност’. Најновиот нацрт-извештај на Томас Вајц во Европскиот парламент и претходните ставови и оценки на Парламентарното Собрание на Советот на Европа од Резолуцијата од 29 јануари 2026 година за ‘има-нема  напредок’ на Македонија се поигрување со евроинтеграциските стремежи на оваа држава и на нејзините граѓани. Овие акти на Европскиот парламент и на Советот на Европа се едни со други во несфатлива противречност и тие ја уриваат довербата во овие клучни европски институции. Најновиот нацрт-извештај на Томас Вајц ги фрла во вода клучните ‘признателни’ и ‘поздравителни’ наводи од споменатата резолуција на ПССЕ од 29 јануари.“ – пишува Свето Тоевски во својата анализа.

Мицкоски за Груби: Не можам да се договарам со човек кој креваше дронови над куќата на сестра ми

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека актуелната власт постигнала некаков договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без никаква логичка основа и суштина.

Најнови вести

To top