Македонија

Што и порача Томас Вајц на бугарската новинарка што зборуваше непромислено?!

Вметнувањето на македонскиот јазик и идентитет не беше грешка, но во демократски процес се одлучи таа тема да не се вклучува во документот, порача известувачот за земјава Томас Вајц, на прашање на бугарски новинари.

Треба да се информирате, малку да промислите за тоа што го зборувате и да ги прочитате правилата – одговори известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на прес-конференцијата, на забелешките на бугарска новинарска дека неговиот кредибилитет како известувач е доведен во прашање поради наводните сомнежи дека се среќавал со македонски претставници и бил предмет на лобирање. Вајц нагласи дека против него се води  „масовна кампања на клевети“ која е апсолутно неоснована и дека тој целосно ги следел правилата на Европскиот парламент.

  • Знаете дека имавме голема негативна кампања, која траеше и беше апсолутно неоснована. Ова беше извештај на ЕП за Северна Македонија. Како може да биде неподобно да се говори со македонската страна кога јас пишувам извештај за Северна Македонија. Можеби треба малку да промислите за тоа што го зборувате. Ви препорачувам да ги прочитате правилата, а јас се водам од сите правила на ЕП целоснно, па дури и претерувам во тоа – рече Вајца на прес-конферебцнија по по усвојувањето на извештајот за земјава во Европскиот парламент.

Тој и претходно во пишана изјава, истакна дека како известувач на ЕП за земјава неуморно работел за „добро избалансиран и непристрасен извештај за демократскиот напредок на оваа земја“, но оти „некои бугарски ервопратеници го искористиле извештајот за домашни цели“.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top