Македонија

Што ќе му каже Мицкоски на Таравари следната недела на последното кафе?!

Следната недела, премиерот Христијан Мицкоски ќе го покани претседателот на АА, Арбен Таравари, да му посака „среќа“. Мицкоски изјави дека најмалку што очекувал од Таравари е да заврши во рацете на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според премиерот, не сите од раководството и функционерите на АА го делат мислењето на Таравари. Сепак, тој не посочи […]

Следната недела, премиерот Христијан Мицкоски ќе го покани претседателот на АА, Арбен Таравари, да му посака „среќа“. Мицкоски изјави дека најмалку што очекувал од Таравари е да заврши во рацете на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според премиерот, не сите од раководството и функционерите на АА го делат мислењето на Таравари. Сепак, тој не посочи дали ќе ја отстрани цела Алијанса или постои можност функционерите кои не се согласуваат со Таравари да останат. „Времето ќе покаже“, рече Мицкоски.
  • „Јас забележав и мислам дека Таравари и неколкумина околу него се одлучени да се вратат во прегратките на Али Ахмети и ДУИ. Јас можам само да му посакам среќа и се надевам дека ќе имаме една завршна средба следната недела во која ќе сумираме што е тоа што е направено и да му посакам пред сѐ добро здравје. Тоа е она кое што ни е најважно на сите нас. Морам да кажам дека најмалку што очекував е да се врати назад во прегратките на Али Ахмети и останатите, но тоа е сепак негова одлука и убеден сум одлука на малкумина и дека тоа не е одлука на членството на Алијанса на Албанците и на голем дел на луѓето кои се дел од оваа Влада. Чесно и доблесно беше самиот тоа да го направи да не ја влече Владата за нос и граѓаните, но ете полека, но сигурно станува јасно дека тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои повеќе од 2 децении ја пустошеа, криминалиизраа и ограбуваа и ја фрлија Македонија на колена“, рече Мицкоски.
Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најави дека наскоро ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски за да му ја објасни, како што рече, вистинската слика околу последните случувања во Владата и околу одлуката на неговото крило на партијата.
  • Премиерот Мицкоски изминатиот период беше под голем притисок поради повеќе причини. Жал ми е што слушам дека и тој станува жртва на некакви уверувања. Единствената вистина е дека нашата партија одлучи да настапи со посебни листи за советници на локалните избори – изјави Таравари за ТВ21.
Според него, токму оваа одлука предизвикала незадоволство кај дел од албанските структури во Владата, кои, како што вели, започнале да шират алибија и гласини. Претходно, лидерот на АА Арбен Таравари, за време на отворањето на канцелариите на партијата во Скопјe, изјави дека довербата меѓу нив и нивните владини партнери е во тажна состојба и дека би било подобро за нив да преминат во опозиција. Таравари негираше дека има какви било планови да се приклучи на Европскиот фронт, повторувајќи дека единствената одлука досега е да се натпреварува на локалните избори со посебни листи за општински советници.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top