Македонија Регион

Што се случува на грчката граница?!

Долги колони возила и чекање од најмалку еден час се забележуваат попладнево на граничниот премин Евзони за влез во Македонија. Причината за метежот, како што пренесе Плусинфо, е враќањето на голем број македонски граѓани кои викендов решија да избегаат од нестабилното и дождливо време дома и да го поминат викендот на сончевите грчки плажи. Додека во […]

Долги колони возила и чекање од најмалку еден час се забележуваат попладнево на граничниот премин Евзони за влез во Македонија. Причината за метежот, како што пренесе Плусинфо, е враќањето на голем број македонски граѓани кои викендов решија да избегаат од нестабилното и дождливо време дома и да го поминат викендот на сончевите грчки плажи.

Додека во Македонија викендов врнеше дожд и температурите беа пониски од вообичаеното за мај, во Грција преовладуваше сончево и топло време, со температури над 28°C.

Голем број патници се жалат дека колоните речиси не се движат, а дел од возилата чекаат повеќе од еден час за да влезат назад во земјата.

Најнови вести од: Македонија Регион

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

To top