Првичниот коментар од луѓе кои ги познаваат работите во СДСМ е прашањето:
Дали на Бихаќка дошла специјална пратка од Латинска Америка?
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска упати остри навреди кон премиерот Христијан Мицкоски, нарекувајќи го „комплетен идиот“ и обвинувајќи го дека со своите политики ја изолира Македонија на патот кон Европската Унија.
„Не знам дали сте свесни каква тежина политичка има овој момент во којшто после 30 и кусур години ние сме во ќорсокак за Европа. По желба лична на Христијан Мицкоски. Дали сте свесни дека има јасен чист пат за 4 земји и нас таму нè нема. До 2030 година, отворена е вратата во Европа, земји и членки ќе станат Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија. Нас нè нема“, изјави Филипче.
Тој го критикуваше Мицкоски дека продолжува да се претставува како патриот кој го брани името, јазикот, културата и идентитетот, иако тие се заштитени со меѓународни договори. Филипче ги оцени како „будалаштини“ споредбите на Мицкоски со Исланд, посочувајќи дека Исланд е дел од заедничкиот пазар.
„Па може ли таков идиот да е човекот комплетен? Да нè изолира целосно? Па дали мисли дека сме наивни? Дали мисли дека луѓето се наивни? Што сака да постигне?“, праша лидерот на СДСМ.
Во пресрет на најавената посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Филипче му порача на Мицкоски внимателно да размисли што ќе ѝ каже.
„На Христијан сакам да му порачам, нека размисли добро, ако треба и нека не спие вечер, за тоа што ќе ѝ каже на Урсула фон дер Лајен? И да не си игра со иднината на земјата, затоа што може да му судат следните генерации“, додаде тој.
Филипче упати остри критики и кон Игор Ивановски и Славјанка Петровска, кои се дел од Платформата 12.05 и бараат негова оставка. Тој го доведе во прашање нивниот кредибилитет и нервозно изјави:
„Нека ми се тргнат од патот, затоа што ќе ги згазам како шлепер жаба, да ги потсетам на нешто од нивното време.“