Македонија

Сиљановска-Давкова: Албанскиот јазик е важен дел од мултиетничкиот мозаик на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска упати срдечна честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, истакнувајќи го значењето на овој празник како симбол на просветителскиот подвиг и културната зрелост на албанскиот народ.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска упати срдечна честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, истакнувајќи го значењето на овој празник како симбол на просветителскиот подвиг и културната зрелост на албанскиот народ.

„Пред 117 години унифицираната азбука го започна своето патување од Конгресот во Битола, како најважен комуникациски код на еден народ. Јазикот и писмото се темелни вредности кои го обликуваат колективниот идентитет и ја зајакнуваат духовната поврзаност меѓу генерациите. Почитта кон јазикот и писмото на секоја заедница ја зајакнува социјалната кохезија и го сплотува македонското мултиетничко општество. Албанскиот јазик е дел од раскошниот мозаик на различностите што е влог во иднината на нашата заедничка татковина“, порача претседателката.

Таа изрази признание за континуираниот придонес на албанската заедница во образованието, културата и општествениот живот и додаде:

„Честит нека ни е Денот на албанската азбука. Продолжуваме заеднички да ја градиме државата во духот на почит, еднаквост и единство. Urime Dita e Alfabetit të Gjuhës Shqipe!“

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top