Македонија

Сиљановска Давкова го осуди говорот на омраза во салата Македонија во Куманово

Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го осуди говорот на омраза во салата Македонија во Куманово на кошаркарскиот меч Македонија : Романија кога група млади луѓе членови на навивачката група Кумани користеа говор на омраза против Албанците.

Во објава со наслов ,,(Не)научена лекција” Сиљановска Давкова го осуди овој инцидент и потсети на воведот во овој говор на омраза кога во средината на јули, на мечот меѓу Шкендија и велшкиот шампион ТНС, се случија расистичките навреди кон гостинскиот фудбалер Арманд Оте.

 

,,Го шокиравме сиот спортски, но и поширок свет којшто со право запраша: Како е можно да се случи недоветен навивач емоционално да скрши врвен фудбалер до солзи, посегајќи по говор на омраза врз расна основа?

 

Срамот падна на сите: на домаќинот, на клубот, на присутните, на градот, на државата, на спортот! Логичниот заклучок беше: „Не смее да се толерира ваквото однесување на ниту еден стадион, во ниту еден спорт, никогаш и никаде“.

 

И… заради нашата, по кој знае кој пат, спортска неписменост, со право не стивнуваат реакциите на ужасниот инцидент на кошаркарскиот натпревар во Куманово, на којшто, неколкумина недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси и, пак, сме засрамени.

 

Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза, навредување и сатанизација со отровни убиствени зборови – проектили!

По толку изгубени човечки битки на спортските терени, мора да кажаме јасно и гласно: Никогаш повеќе, каде и да сме, со кого и да се натпреваруваме, нема да дозволиме спортскиот терен да прерасне во гладијаторска навивачка арена.

 

Се разбира, првата лекција „како се навива“ се учи дома, а по неа се нижат други: во градинка, во основно, во средно, на факултет, во клубот, на натпреварот, во публиката”, пишува претседателката за инцидентот во Куманово.

 

Таа дава конкретен предлог.

 

,,Пред секој натпревар, да се упати предупредувачка порака до гледачите да ги исклучат лошите мисли и пораки, како што тоа го прават со мобилните телефони, ,,оти натпреварот не е битка до смрт, туку витешка борба до заслужена победа, дека од публиката се очекува бодрење, поддршка и охрабрување, а не навредување и повредување, дека треба да победи подобриот, но и да се почитува другиот, дека навивањето е награда, а не казна”, смета Сиљановска Давкова која потсетува дека срамот не е само на оние чии зборови повредуваат, зашто ги погодуваат не само оние во салата или на теренот, туку и оние што ги гледаат и слушаат заради нивниот неограничен домет.

 

,,Мора да ѝ се спротивставиме на навивачката омраза, да го култивираме и да го облагородиме навивањето, да учиме и да научиме како се навива, односно како не се навива, да ја засилиме битката против предрасудите и судири меѓу „ различните“, мора да се запознаеме и познаваме, мора да спречиме излив на омраза, да реагираме навреме, да лечиме дела од омраза, да ја санкционираме”, порачува претседателката и додава:

 

,,Страсното навивање никогаш не е навредливо и агресивно. Ни треба азбука на навивањето како спортско уживање, навивачко описменување, оти Пирова е спортската победа ако е проследена со физичка или говорна агресија”.

Најнови вести од: Македонија

Конечни резултати од ДИК: Во Шуто Оризари ќе се прегласува

Државната изборна комисија (ДИК), во рамките на продолжението на нејзината 150-та седница, денеска ги објави конечните резултати од локалните избори за вкупно 44 општини, при што во 33 од нив градоначалниците се избрани во прв круг, а изборите во преостанатите 33 општини ќе продолжат со втор круг на гласање на 2 ноември

„Реплек“ на најпрестижниот саем за фармација CPHI – потврда за конкурентноста, квалитетот и интернационалниот потенцијал

Портфолиото на фармацевтската компанија „Реплек“ и оваа година предизвикува голем интерес на CPHI саемот за фармација, кој од 28-ми до 30-ти октомври се одржува во Франкфурт, Германија, под мотото „Ја обликуваме иднината на фармацијата“. CPHI саемот е собир на глобалните лидери во фармацијата и во неговите рамки се презентираат иновациите во индустријата. „Реплек“ го презентира […]

Агенцијата за вработување регистрираше нов голем пад на оние кои бараат работа

Најголем дел од невработените граѓани се во главниот град. Имено, во Скопје како невработени се пријавиле 20.076 сограѓани. Со високи бројки на невработени граѓани се бори и Тетово каде имало 12.912 невработени граѓани. По бројот на невработени граѓани следен на листата е Куманово каде се пријавиле точно 9.692 невработени лица.

ВМРО-ДПМНЕ: Предноста на Орце во Скопје со разлика од над 60 илјади гласа е недостижна од противкандидатот и неговата матна коалиција

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го прогласи првиот круг од локалните избори за апсолутна победа со освојување на триесет и три општини и обезбедување мнозинство во советите во поголемиот дел од општините низ земјата. Партијата влегува во вториот круг со значителна предност во дваесет и една од дваесет и седум општини каде што ќе се одлучува за градоначалници.

To top