Македонија

Сиљановска-Давкова: Само со консензус до промена на улиците во Тетово

Двојно мнозинство и бадентерово мнозинство подеднакво важи и на централно и на локално ниво и дека никој не може да биде и не треба да биде исклучен кога се решава прашање што директно го засегаат идентитетот, а со тоа и интегритетот на сите луѓе

Во врска со прашањто на преименувањерто на дел од улиците во Тетово, претседателката на Македонија синоќа изјави дека „граѓански, инклузивно и со консензус треба да се реши прашањето за преименувањето на улици“ во овој гград.

Гордава Сиљановска-Давкова синоќа  во Тетово, се сретна со тамошниот градоначалник Биљал Касами, а потоа заедно присуствуваа на македонска музичка вечер во рамки на манифеестацијата „Тетовско културно лето“.

„Мислам дека тоа треба да се реши така како што треба – граѓански, инклузивно, со консензус. Секогаш велиме дека тоа т.н. двојно мнозинство и бадентерово мнозинство подеднакво важи и на централно и на локално ниво и дека никој не може да биде и не треба да биде исклучен кога се решава прашање што директно го засегаат идентитетот, а со тоа и интегритетот на сите луѓе“, рече претседателката.

Една од причините што е во посета на Тетово, е со цел, како што кажа, да покаже дека е претседателка не само на граѓаните на Скопје, туку на сите граѓани, без оглед на припадноста.

„Но, и да покажам дека сум подготвена да одам и онаму каде градоначалниците не се од македонска етничка припадност, бидејќи тоа е ирелевантно за граѓанското општество. Проблемите се исти секаде и ги засегаат сите луѓе“, рече Сиљановска Давкова.

Градоналаникот на Тетово, Биљал Касами рече дека го има истиот став како и претседателката, односно дека се работи за именување на улици, плоштади, мостови, нешто што е инклузивен процеес, но и транспарентен, што значи дека секој граѓанин треба да биде дел од процесот.

„Треба да покажеме дека Тетово е европски град каде граѓаните живеат во урбанистички услови и секој ќе има адреса каде можат да го најдат институциите и пријателите“, рече градоначалникот.

Општина Тетово го одложи процесот за промена на имињата на улиците

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

Попов: Македонскиот јазик не е „вештачка конструкција“ и борбата за него не е завршена! Стратегиските партнери треба да помогнат за спорот со Бугарија!

–Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е никаква „вештачка конструкција“, туку логичен тек на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на цела територија. Тој има долга историја и особен влог во рамките на групата на словенски јазици и светското јазично семејство. Но борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена. Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права бидејќи неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со преземените обврски со потпишаните меѓународни договори. “ – нагласи Живко Попов, претседателот на Македонската академија на науки уметности, денес во своето годишно обраќање. .

Уставниот суд ги отфрли иницијативите, со кои се оспоруваше уставноста на „Безбедниот град“

Уставниот суд ги отфрли иницијативите да се оспори системот „Безбеден град“, односно дел од одредбите на Законот за прекршоци. Иницијативи со кои се бараше да се оспори „Безбеден град“ поднесоа двата дела на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и од Арбен Таравари, како и студентот Или Пачуку, поради неупотребата на албанскиот јазик во пораките за прекршоци. Забелешката е и за, како што се тврдеше, „спроведувањето на системот само во Скопје, Тетово и во Куманово“, потоа и за обврската за поседување мобилен телефон и интернет-адреса заради доставување на пораките, но и за наводна „селективна примена на Законот и за дискриминација на Албанците“. Со иницијативите се бараше Уставниот суд да ги поништи „спорните“ одредби.

Мицкоски: Зголемен е бројот на странските инвеститори, што се задоволни од бизнис климата во државата и кои се подготвени да ја зголемат својата инвестиција

„За нас странските инвеститори се исклучително важни исто како и домашните инвеститори, бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада, како и сѐ друго, што е составен дел во таа борба за колку е можно подобра економија.“ – истакна премиерот Христијан Мицкоски по работната средба со Советот на странски инвеститори.

Најнови вести

To top