Македонија

Системска борба со хибридните напади најавува премиерот Мицкоски

Нашиот национален интерес е јасен: да изградиме држава која препознава, анализира и одговара на хибридните и информациските закани координирано, брзо и професионално

Нашиот национален интерес е јасен: да изградиме држава која препознава, анализира и одговара на хибридните и информациските закани координирано, брзо и професионално – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на конференцијата „Хибридни и информациски закани“, во организација на Институтот за комуникациски студии.

Конференцијата беше организирана во рамки на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Според премиерот, поминато е време кога со замена на еден директор исчезнува знаењето.

– Ќе спроведеме задолжителни процедури, методологии, бази на податоци и стандарди – за да нема повеќе „празнини“ во системот, за да нема зависност од поединци. Планираме континуирани обуки за службениците во сите институции; специјализирани програми за МВР, МО, Националната платформа за безбедност, јавната администрација и локалната самоуправа; програми за медиумска писменост и дигитална безбедност за младите – рече Мицкоски.

Ниту една држава, како што поосчи, не може да се брани без обучени луѓе, а хибридните закани не се победуваат со молк, туку со заедничка акција.

– Владата ќе отвори платформа за редовна соработка со истражувачки центри, универзитети, медиумски здруженија, граѓански организации и приватниот сектор. Овој проблем е премногу голем за да го носи само една институција. Македонија ќе гради систем, не импровизација – рече премиерот.

Посочи дека визијата е јасна – држава која ќе препознава рано, институции кои ќе реагираат брзо, службеници кои ќе постапуваат професионално, граѓани кои ќе препознаваат манипулации, општество кое нема да биде жртва – туку отпорно.

– Ова не е работа за една прес-конференција или еден мандат. Ова е заедничка мисија за иднината на нашата демократија – рече Мицкоски.

Хибридните и информациските закани, како што рече, не го напаѓаат само системот – ја напаѓаат довербата меѓу нас.

– А кога ќе исчезне довербата, државата станува ранлива. Нашата задача е јасна: да ја вратиме довербата, да изградиме силни институции. И да создадеме систем што нема да падне при првиот силен удар на дезинформациска кампања. Овој пат нема да дозволиме импровизации. Овој пат градиме одговорна држава која стои цврсто – и која гледа напред – рече Мицкоски.

 

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top