Македонија Хроника

Скандал во Скопје: Фабрика за стиропор излеа хемикалија на улица

Град Скопје се огласи по тешкиот еколошки инцидент во Кисела Вода, кога црно масло се излеа од атмосферската канализација на булевар. Во населбата Пинтија во Кисела Вода, како што објави Плусинфо од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место се излеале хемикалии користени во производствениот процес, соопшти Градот. […]

Град Скопје се огласи по тешкиот еколошки инцидент во Кисела Вода, кога црно масло се излеа од атмосферската канализација на булевар. Во населбата Пинтија во Кисела Вода, како што објави Плусинфо од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место се излеале хемикалии користени во производствениот процес, соопшти Градот.

  • „На лице место се екипи на Територијалната противпожарна служба, со цел изолирање на инцидентот, како и инспекторите од Град Скопје, кои составија записник за хаваријата. За ваков тип на хаварија покрај паричната казна за сторителот од 45.000 евра, следи и затворање на погонот, како и налог за санирање на штетите предизвикани од инцидентот. Со инспекциски извештај за извршен технички преглед на опрема под притисок со заклучок е нотирано дека на вентилот има знаци на протекување, а правното лице Екопор не превземало мерки да го спречи настанувањето на хаваријата на која сме сведоци денес“, информираше Град Скопје.

За овој објект, кој е под надлежност на Општина Кисела Вода апелираме до општината да постапи во рамки на своите надлежности, како и ресорното Министерство, со цел санкционирање на правното лице кое ја предизвика хаваријата, се додава во соопштението од Град Скопје.

Плусинфо објави дека црно масло од непознато потекло е излеано на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода и тоа од атмосферската канализација. Според очевидците, возилата го разнеле по асфалтот, кој станал лизгав и опасен.

  • „Денеска околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеватор Борис Трајковски во близина населбата Пинтија истекува непозната црна течност од атмосферската канализација и истата се излева по булеварот. Полициски службеници од СВР Скопје се излезени на лице место. Сообраќајот се пренасочува и се преземаат мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот“, одговори полицијата на прашање на Плусинфо.

Најнови вести од: Македонија Хроника

(Фото галерија): Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата Александар Николоски, кој изврши увид во автопатот.

Теодосиевски: Дали се Лаен, Калас, Кос и Кошта навистина толку глупави, или го глумат тоа, дека „нѐ чекаат со идентитетот и јазикот во ЕУ“?!

„Госпожата“ фон дер Лаен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. – пишува аналитичарот Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Квака 22“ или: можно ли е да се толку глупи?’, која ја објави „Плус инфо“.

Новиот Кривичен законик предвидува затвор до 15 години за злоупотреба на државни пари!

Подготовката на новиот Кривичен законик започна уште во 2019 година. Целосно новиот Кривичен законик, со кој се предвидуваат казни затвор до 15 години за злоупотреба на службената положба и овластување и за злоупотреби при јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства, денеска беше ставен на првата од четирите јавни расправи во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Гласовите на Galaxy: Запознајте го лекарот од Мексико, чиј Galaxy Watch му помогна да се грижи за својата мајка, но и за себе

Гласовите на Galaxy (“Voices of Galaxy“) е серијал од вистински приказни што ги става во преден план Samsung Galaxy корисниците кои ја користат својата страст, креативност и решителност, заедно со технологијата, за да остварат позитивно влијание врз сопствените животи, заедниците и светот околу нив.

To top