Македонија

Скандалозна противмакедонска провокација токму на Илинден: Во востанието учествувале Албанци, Власи и Бугари, не и Македонци! Албанците беа клучните чинители, па и на Крушевската република?!

„Некои албански историчари дури тврдат дека без Албанците Илинденското востание не можело ни да се замисли!“ – дел од наводите во жестоката и провокативна статија со антимакедонски карактер, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

„Албанци, Власи и Бугари се учесници во Илинденското востание. Ова го потврдуваат историчари и документи од познати светски и регионални архиви. Историчарот Неби Дервиши од Струга нагласува дека врз основа на документи од странски архиви главната улога во Илинденското востание ја играле Албанци, Власи и Бугари, додека Македонците не се споменуваат во ниту еден документ.“ – изнесува информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА во својата статија со наслов „Илинденското востание и Албанците“, која претставува не само жестока и скандалозна противмакедонска провокација, временски темпирана не случајно токму на најголемиот македонски празник Илинден, туку е и недозволива негација на македонската државотворност и на револуционерната борба на македонскиот народ во времето на илинденскиот период, па и на Македонија како држава на македонскиот народ!

Во својата статија ИНА изнесува: „Според историчарите, улогата на Албанците и другите во ова востание како да се заборава, препуштајќи им ја на Македонците заслугите на овој дел на историјата главно на Македонците. Фактите за учеството на Албанците во востанието од 2 август може да се најдат во речиси сите документи на бугарското и австроунгарското време, како и во времето на другите.“

„Учеството и придонесот на Албанците во ова востание од локален карактер беше очигледно, не само во подготовката, туку и во учеството. Ова се документира и во законодавните тела, во Големото собрание, кое по 2 август беше избрано со 60 луѓе: со 20 Албанци, 20 Власи и 20 Бугари. Албанците биле дел и од привремената влада на Крушево. Присуството на Албанците е исто така и во привремената Влада на Крушево.“

Историчарот Дервиши: „Албанците беа клучните чинители“

„Историчарот Неби Дервиши вели дека врз основа на документи од странски архиви главната улога во Илинденското востание ја играле Албанци, Власи и Бугари, додека Македонците не се споменуваат во ниту еден документ.“

„Главната цел на востанието била формирање заедничка држава за сите етникуми, што живеат во оваа земја, а не, како што подоцна се трубеше, да се формира држава за македонскиот народ.“ – изјави историчарот Дервиши за ИНА.“

„Без Албанците Илинденското востание немаше да се случи, поради нивниот придонес во ова востание, и покрај фактот дека беше локално и траеше 12 дена. Всушност, Албанците ќе учествуваат и во органите на управување на Републиката, како на пример во Собранието на Крушевската Република, што беше формирано во овој град: од вкупно 60 луѓе, 20 беа Албанци, 20 Власи и 20 Бугари.“ – нагласи познатиот историчар од Струга Дервиши.“

„Според него, улогата на Албанците во ова востание и во она, што следело по него, се покажува и од фактот дека во Владата на Крушевската Република имало 2 православни албански министра.“

„Пјетер Гури бил командант на борбената единица на ова востание. Според сите документи и истражувачи од тоа време, Никола Болјари бил еден од двајцата министрите, а вториот, бил Ѓорѓи Ќаче. Тие се споменуваат како членови на Владата на Крушевската Република.’ – нагласи Дервиши.“

„Историчарот Неби Дервиши вели дека во архивите на Истанбул, Софија и Скопско постојат документи од тоа време, кои можат да ја докажат големата улога на православните Албанци во формирањето на Крушевската Република.“

„Некои албански историчари дури тврдат дека без Албанците, Илинденското востание не можело ни да се замисли и тоа, според нив, било обид за изградба на Република, заснована како држава на сите етникуми!“ – се наведува во оваа жестока и провокативна статија со антимакедонски карактер, нималку случајно временски темпирана да се објави токму на светиот македонски празник Илинден!

Најнови вести од: Македонија

ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем

Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација.

МВР на Србија: Двајцата киднапери под закана со нож и пиштол му изнудувале пари на Кајмакоски, успеале да избегаат, а нему му е укажана лекарска помош

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти детали за киднапирањето на македонскиот пејач Даниел Кајмаковски во Белград.

Спречен обид на малолетници од Скопје да украдат пари од црковни прилози во манастирот „Свети Наум Охридски“ на Попова Шапка

На 07.02.2026 во 10:48 часот, одговорното лице на манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка во СВР Тетово пријави дека во манастирот затекнал малолетници кои со употреба на сила се обидувале да ја отворат металната каса за доброволни прилози.

Првата македонска аналогна астронаутка Мартина Димоска од Кичево: цели да отвори опсерваторија и лабораторија за вселенски науки, во Западна Македонија!

Живеење во изолирани бази, ограничена комуникација, строго дефинирани мисиски правила и постојано тестирање на човечките и технолошките граници – ова не е научно-фантастичен филм, туку секојдневието на аналогните астронаути, професионалци кои ги симулираат вселенските мисии на Земјата. Една од нив е и Мартина Димоска, Македонка од Кичево, првата жена аналогна астронаутка од Балканот. Аналогните астронаути го отвораат патот на човештвото до Месечината, Марс и другите планетарни тела.

ВМРО ДПМНЕ: Уплашениот Заев, главата на криминалот и лидер на СДС во сенка, се јави да го брани незаконскиот бизнис со дрогата! Но ќе одговара, сосе Филипче!

„Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана на својот криминал кој изминативе денови се запленува во форма на дрога од неговата му родна Струмица. Но, одговорност и правда ќе има!“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести

To top