Македонија

Скопјани да штедат вода – има да ја нема

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира рационално и внимателно да се користи водата за пиење

 

„Апелираме до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови“.

Оттаму велат дека енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, а како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот.

ЈП Водовод и канализација-Скопје ги повикува сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци и доколку забележат било какво истекување на вода истите да ги пријават на еден од следните контакти:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
– kontakt@vodovod-skopje.com.mk
– www.vodovod-skopje.com.mk

Неконтролирано се троши вода – вчера 360.000 кубни метри

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top