Македонија

Скопје има безбедна вода за пиење, вели Ѓорѓиевски

Изворот Рашче е под постојан, 24-часовен надзор и обезбедување. Станува збор за простор кој е силно заштитен со видеонадзор, како и со физичко обезбедување на голема површина околу изворот. Затоа, на граѓаните сакам да им порачам, бидете спокојни. Скопје има безбедна вода за пиење, пишува градоначалникот

Водата за пиење во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за употреба, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Неговата изјава доаѓа откако претходно од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија алармираа дека нова закана за чиста вода за пиење се случува во заштитеното еколошко подрачје на изворот Рашче. Од СДСМ рекоа дека се создава дива депонија во заштитеното еколошко подрачје во близина на изворот Рашче, од кој со вода за пиење се снабдува главниот град и околу 25 отсто од населението во државата. Ѓорѓиевски вели дека информациите што се пласираат во јавноста и на социјалните мрежи за површинска депонија што се поврзува со изворот „Рашче“, создаваат непотребен страв и паника кај граѓаните во однос на безбедноста на водата за пиење.

  • „Депонијата за која се зборува не се наоѓа на територијата на Град Скопје и е оддалечена околу 30 километри од изворите Рашче. Истата постои веќе 30 години“пишува Ѓорѓиевски во објава на својот фејсбук-профил.

Тој додава дека секоја депонија која претставува еколошки проблем треба да биде исчистена и најави оти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ е задолжено да постапи во рамките на своите надлежности, а оти Град Скопје ќе застане со целосна поддршка за оваа локација да биде расчистена.

  • „Сакам јасно и недвосмислено да порачам – водата што ја пијат скопјани е безбедна“пишува Ѓорѓиевски.

Градоначалникот додава дека резултатите од секојдневните анализи на водата покажуваат дека таа е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење.

  • „Секој ден дополнително се земаат примероци од 36 до 40 различни локации низ водоснабдителниот систем, кои детално се испитуваат во лабораториите на ЈП ’Водовод и канализација’. Изворот Рашче е под постојан, 24-часовен надзор и обезбедување. Станува збор за простор кој е силно заштитен со видеонадзор, како и со физичко обезбедување на голема површина околу изворот. Затоа, на граѓаните сакам да им порачам, бидете спокојни. Скопје има безбедна вода за пиење“додава Ѓорѓиевски.

Во објавата тој додава дека со здравјето на граѓаните нема политика, нема манипулации и нема компромиси.

  • „Никогаш нема да премолчам доколку постои каков било ризик по здравјето на скопјани. Но, исто така, нема да дозволам со невистини, шпекулации и ширење паника да се создава недоверба таму каде што фактите, анализите и резултатите јасно го покажуваат спротивното“вели Ѓорѓиевски во објавата.

Најнови вести од: Македонија

Законите важат за сите, велат од Влада за апсењето на возачот на Генералниот секретаријат

Затекнувањето на осомничениот се случило на 4 септември 2026 година, во моментот кога му биле предавани 500 евра со претходно обележани банкноти. Оваа сума била дел од вкупно побараната награда од 1.500 евра.

Бујар Османи се посрамоти: Дешира Ахмети-Крлиу пееше заедно со Карерас, а Османи рече дека немало Албанец на сцената

Дешира Ахмети-Крлиу не беше само формално ставена на списокот на учесници. Таа настапи како една од оперските солистки, а на крајот од спектаклот се појави на сцената заедно со Карерас и со останатите македонски изведувачи во заедничката изведба на „Едно име имаме“. Снимките и извештаите од настанот го потврдуваат нејзиното учество.

Заострени закони, но хаос на улиците: Дали новите правила за електричните тротинети ставија ред во сообраќајот?!

Забележливи се многу тротинети низ градските улици, но дали и колку новата законска рамка внесе ред во сообраќајот? Наместо по велосипедски патеки, електричните возила се движат меѓу пешаците. Тоа го детектирала и полицијата, повеќе од половина од прекршоците направени со употребата на овие превозни средства, се токму за непрописно движење по пешачки површини. И заштитните кациги не се во масовна примена.

Колку се чека на Богородица за излез од Македонија?!

На граничниот премин Богородица претпладнево се чека од 15 до 30 минути за излез од Македонија, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како честите разговори со AI го менуваат човечкото однесување?!

Вештачката интелигенција одамна е присутна во научните истражувања и образованието, но нејзиното најзабележливо влијание врз секојдневието се случува во корисничките сервиси. Од онлајн продавници до здравствени установи, виртуелните агенти ја презедоа првата линија на комуникација со корисниците.

(Фото): Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

Најнови вести

To top