Македонија

Славната спортска ѕвезда пристигна во Скопје во придружба на нејзиниот дечко, Јане Веселинов, кој потекнува од Македонија

Славната спортска ѕвезда пристигна во Скопје во придружба на нејзиниот дечко, Јане Веселинов, кој потекнува од Македонија, а работи како успешен менаџер во угостителскиот сектор во Мелбурн

Поранешната четврта тенисерка во светот, Јелена Докиќ, деновиве ужива во убавините на Македонија, благодарение на нејзиниот партнер. Славната спортска ѕвезда пристигна во Скопје во придружба на нејзиниот дечко, Јане Веселинов, кој потекнува од Македонија, а работи како успешен менаџер во угостителскиот сектор во Мелбурн.

Докиќ на социјалните мрежи јавно го сподели своето воодушевување од посетата, објавувајќи фотографии од кањонот Матка, Старата скопска чаршија и центарот на градот со пораката: „Скопје, убаво си!“. Оваа посета означува ново, среќно поглавје за тенисерката, која по долги години агонија конечно го најде својот мир.

Јелена Докиќ, некогашното тениско чудо од дете сдокиќ е инспирација за милиони луѓе ширум светот, градејќи успешна кариера како почитуван тениски коментатор и мотивациски говорник.

Нејзината трансформација од жртва во победник неодамна кулминираше кога нејзиниот автобиографски документарен филм ја освои престижната австралиска телевизиска награда „Логи“ (Logie Award) за најдобра документарна програма. На доделувањето, каде што наградата им ја посвети на сите преживеани жртви на насилство, нејзиниот дечко Јане гордо стоеше покрај неа, докажувајќи дека нејзините лузни од минатото не ја дефинираат иднината, туку ја изградиле силата за нов, среќен почеток.

Таа го опшишува Веселинов како нејзиното „мирно, безбедно, спокојно и среќно место“, истакнувајќи дека тој бил нејзината најголема поткрепа во процесот на исцелување од траумите. Пред да ја пронајде љубовта со Јане, нејзиниот живот беше вистински пекол.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top