Македонија

Случај Онкологија: Сведоци тврдат дека давале мито за нивни блиски да добијат терапија

Обвинителството тврди за финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата, за одбраната обвинителниот акт е нејасен и незаконит

На денешното рочиште за „Онкологија 2“ беа сослушани тројца сведоци, доктор Ненад Митревски, членката на управниот одбор Биљана Гроздановска и Гоце Кузев, чиј татко се лекувал на Клиниката за Онкологија.

Тој изјави изјави дека терапијата за неговиот татко никогаш не била навремено достапна.

-Бидејќи никогаш ја немаше добиено навремено, бевме загрижени и молевме по луѓе, тие наши пријатели се јавуваа кај тогашниот директор и потоа ни беше давана. Мислам дека сестрата се викаше Цаци и ја даваше на вториот спрат каде што беше неговиот кабинет. Ја даваше некогаш од клиничка аптека, а некогаш ја повикуваше сестрата и ѝ ја даваше тој од неговата канцеларија, па се симнувавме долу да ја аплицираме, рече сведокот.

Доктор Митревски, онколог на Клиниката, сведочеше за пациент кој примал хемотерапија во комбинација со биолошка терапија. Тој нагласи дека стандардната доза на лекот бевацизумаб за таа индикација е 400 мг на три недели. Кога му беше предочен документ со препишана доза од 1600 мг, тој одговори дека тоа е превисока доза за таа индикација.

Митревски негираше дека ја препишал таа доза, ниту дека бил известен за прешкртан препис во извештајот. Иако рече дека повисоки дози се индицирани за други случаи, за конкретниот пациент изјави дека не требало да ја прими таа количина.

По увид во материјалниот доказ, одбраната  констатираше дека дополнението во извештајот се однесува на препорака, а не дека е дадена таква доза.

Биљана Гроздановска, членка на Управниот одбор на Клиниката, на денешното рочиште појасни за начинот на носење одлуки во Управниот одбор. Како што рече, одлуките за набавка биле условени со претходна согласност од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.

-Управниот одбор за различните прашања кои беа од областа на сметководството и финансиите, задолжително повикуваше економист на седниците, правник беше присутен, на секоја седница на управниот одбор, а беа повикувани и директорите во зависност од дневниот ред да дадат образложение, образложи Гроздановска.

Кривичниот суд во јуни годинава го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top