Македонија Хроника

Смртна закана, па кражба – скопјанец одзел роба од 6.000 евра и избегал

Скопјанец е осомничен дека извршил тешка кражба во објект на булеварот „Борис Трајковски“ одземајќи алат вреден 6.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи. „Кога при кражбата бил затекнат од чувар на градилиштето, осомничениот употребил сила и закана дека ќе го убие, физички го нападнал со тупаници по лицето и тешко телесно го повредил. Потоа побегнал, […]

Скопјанец е осомничен дека извршил тешка кражба во објект на булеварот „Борис Трајковски“ одземајќи алат вреден 6.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.

  • „Кога при кражбата бил затекнат од чувар на градилиштето, осомничениот употребил сила и закана дека ќе го убие, физички го нападнал со тупаници по лицето и тешко телесно го повредил. Потоа побегнал, носејќи со себе една вреќа украдени предмети“, се наведува во полицискиот билтен.

МВР соопшти дека осомничениот 29-годишник влегол во магацинот на 12 октомври 2024 година со умисла да украде разновиден електричен алат, калориметри и други предмети во вредност од 363.000 денари.

  • „Имајќи предвид дека осомничениот и претходно бил осудуван за кражби, како и начинот на кој го извршил ова дело, јавниот обвинител оценил дека постои ризик од бегство и опасност да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор“, се додава во билтенот.

Најнови вести од: Македонија Хроника

(Фото галерија): Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата Александар Николоски, кој изврши увид во автопатот.

Теодосиевски: Дали се Лаен, Калас, Кос и Кошта навистина толку глупави, или го глумат тоа, дека „нѐ чекаат со идентитетот и јазикот во ЕУ“?!

„Госпожата“ фон дер Лаен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. – пишува аналитичарот Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Квака 22“ или: можно ли е да се толку глупи?’, која ја објави „Плус инфо“.

Новиот Кривичен законик предвидува затвор до 15 години за злоупотреба на државни пари!

Подготовката на новиот Кривичен законик започна уште во 2019 година. Целосно новиот Кривичен законик, со кој се предвидуваат казни затвор до 15 години за злоупотреба на службената положба и овластување и за злоупотреби при јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства, денеска беше ставен на првата од четирите јавни расправи во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Гласовите на Galaxy: Запознајте го лекарот од Мексико, чиј Galaxy Watch му помогна да се грижи за својата мајка, но и за себе

Гласовите на Galaxy (“Voices of Galaxy“) е серијал од вистински приказни што ги става во преден план Samsung Galaxy корисниците кои ја користат својата страст, креативност и решителност, заедно со технологијата, за да остварат позитивно влијание врз сопствените животи, заедниците и светот околу нив.

To top