Македонија

Снегот ги сопре автобусите кон Попова Шапка

Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, минус 4 степени, каде има снежна покривка од 31 сантиметар, информира Управата за хидрометеоролошки работи

Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 09:25 часот e воведeн забрана за сообраќај за автобуси, додека за леки коли е задолжителна зимска опрема (синџири), иформира АМСМ.

Претходно АМСМ соопшти дека изутрина во 5.15 часот е воведена забрана за камиони на патот Струга – ГП „Ќафасан“. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни  коловози.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.

Од 10:00 часот на ГП „Ники“ (ГП „Меџитлија“) ќе има забрана за движење на товарни возила која ќе трае во наредните 48 часа заклучно со 10 јануари во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top