Македонија

Со 2% доверба бараат двојно повисоки плати

Македонското правосудство никако да поработи на себе за да ја зголеми ефикасноста, но дополнително ја подрива и така малата доверба и кредибилносt

 

Наместо посветено да работат во интерес на граѓаните и за доследно спроведување на правдата, кој процес нема да трае со години како до сега, делови од судството и обвинителството бараат двојно зголемување на платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека не треба да се заборави дека македонските правосудни органи се едни од најплатените во регионот и Европа, со 2,3 до 3,2 просечни плати, односно нешто над 100.000 денари па се до над 144.000 денари или од 1700 евра до 2.360 евра. Претседател на суд, пак, во Македонија зема околу 180.000 денари или 3.000 евра, а за ефикасност и да не зборуваме, далеку под сите европски просеци.

ВМРО-ДПМНЕ наведува примери од други држави:

Србија: судиите земаат околу 120.000 денари, доверба 20%,
Хрватска: платите се околу 3.350 евра, доверба 20%,
Словенија: платите се од 1738 до над 4000 евра, доверба 41%,
Германија: судиите земаат околу 3.300 евра, доверба 58%.
Судиите и обвинителите и нивните здруженија во Македонија сега бараат двојно зголемување на платите, со што еден судија би зел околу 160.000 денари или пак претседател на некој суд 360.000 денари. Што би значело, претседател на суд во Македонија би зел 8 просечни плати, а судија или обвинител би зел 3,5 просечни плати.

Тоа би било над сите примања кои ги добиваат нивните колеги во Европа со далеку повисока ефикасност и доверба од граѓаните, а кај нас со доверба од само 2%.

Од вВМРО-ДПМНЕ повикуваат на разумност и веќе крајно време е правосудните органи да се зафатат со работа и да покажат резултати кои ќе ги почувствуваат граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Влада: Не знаеме кого чекал Трендафилов во празна сала, премиерот ќе има средба со синдикатите в четврток

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, оцени дека е добро што премиерот го прифатил барањето на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството по речиси една година протести на работниците од овој сектор, но додаде оти денеска требало да се зголемат и платите на вработените во управата за 40 отсто.

Осигурителната компанија „Tриглав Осигурување АД“ со огромен раст на добивка

Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува понатамошно профитабилно, безбедно и одржливо работење. Планираната премија во 2026 година изнесува 1.960 милиони денари, односно раст од околу 15 отсто во однос на 2025 година. Добивката се очекува да изнесува околу 75 милиони денари – стои во извештајот.

To top