Македонија

Со македонски пасош може да се патува во 128 земји

Во регионот, најдобро рангиран е пасошот од Србија (34. место, 136 држави), Македонија и Црна Гора (38. место, 128), БиХ (42. место, 122), Албанија (43. место, 121) и Турција (46. место, 113), а косовскиот е најслабо рангиран (59. место, 81 држава)

Најновиот Хенли индекс на пасоши покажува дека најмногу посакувани се пасошите од азиските земји:

На врвот се оние на Сингапур е прв со 192 дестинации без виза, а Јапонија и Јужна Кореја делат второ место со 188.

Третата позиција ја делат пет европски држави – Данска, Луксембург, Шпанија, Шведска и Швајцарија (186 дестинации), додека на четврто место се 11 европски земји (185). Петтото место го делат Унгарија, Португалија, Словачка, Словенија и ОАЕ (184), каде што последниве две децении е забележан голем раст.

Следуваат Хрватска, Чешка, Естонија, Малта, Нов Зеланд (шесто место), Австралија, Латвија, Лихтенштајн и Велика Британија (седмо), Канада, Исланд и Литванија (осмо), Малезија (девето), а САД се вратија на 10. место со 179 дестинации. Бугарија и Романија се на 11. место (178).

Во регионот, најдобро рангиран е пасошот од Србија (34. место, 136 држави), Македонија и Црна Гора (38. место, 128), БиХ (42. место, 122), Албанија (43. место, 121) и Турција (46. место, 113).

Косово е најслабо рангирано (59. место, 81 држава), заедно со Кина и Боцвана.

На дното на листата се држави со конфликти или кризи: Пакистан, Јемен, Ирак, Сирија, а последен е Авганистан со само 24 дестинации без виза. (Фокус)

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top