Македонија

Со остранувањето на билбордите, почна реконструкција на застарената Железничка станица во Скопје

Според директорот Железница Инфраструктура проектот за средување на железничката станица во Скопје ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски на својот Фејсбук профил објави дека се отстранува првиот билборд од Железничката станица Скопје.

  • „Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на железничката станица, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата. Ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација. Благодарност до одговорните компании кои ја сфатија важноста на овој процес и се согласија за отстранување на нивните билборди” напиша Ивановски.

Договорот за проектирање кој Железници го потпиша со Градежниот факултет чини над 455 илјади евра или нешто над 28 милиони денари.

Во него, освен проект за модернизацијата на Железничката станица во Скопје, се проектираат и санациите меѓу станицата во Зелениково и станицата во Велес, како и меѓу станиците Зелениково и Кадина Река.

Тендерот вклучува и проект за санација на свлечиште на делницата Велес – Гостиражни, како и проект за изградба на мост на Црна Река, на делницата помеѓу станиците во Градско и Кукуричани.

Најнови вести од: Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top