Македонија

Советник на, во Албанија избеганиот Груби, стана директор на ФК Тирана

Гради кариера каде што е неговиот избеган поранешен шеф

Советник на екс вицепремиерот Артан Груби кој од кривичен прогон избега во Албанија стана директор на ФК Тирана.

Омер Буњаку, советник на поранешниот вицепремиер А. Груби и поранешен член на надзорниот одбор на Државна видео лотарија, од денес е нов спортски директор на ФК Тирана, објави клубот од главниот град на Албанија.

Неговиот екс шеф веќе една година е избеган во Албанија.

Омер Буњаку, предводник на „Шверцери“, и Шпат Касапи, популарен пејач, од 13 ноември 2020 година беа советници на тогашниот првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем, Артан Груби, објавин „Призма“.

Биографијата на Буњаку е кратка, има едвај 70 збора, а половина од нив се потрошени да се опише ангажманот како актуелен советник на Груби. Тој, наведува „Призма“ повикувајќи се на биографијата добиена од Владата, дипломирал туризам и менаџмент, директор е на фудбалскиот клуб Шкупи, а покрај македонски и албански зборува и англиски и турски јазик.

„Буњаку е познат како предводник на навивачката група „Шверцери“, истата група чиј основач бил Груби. Има ‘сочно’ полициско досие и проблеми со законот од 2011 година. Сегашниот советник на Груби учествувал и во тепачките на Кале во 2011 година за изградба на црквата-музеј. Не само што учествувал, туку тогашниот заменик-министер за полиција, Џевад Бучи, привремено го ослободи, кога пред телевизиските камери му ги извади лисиците. Потоа неговото име се најде во пресудата за педесетина осудени за овие инциденти што ја вознемирија јавноста и долго ги разбрануваа меѓуетничките односи пред една деценија. По објавата на пресудата за осудените, јавно со осуда реагирале и Груби и лидерот на партијата, Али Ахмети“, објави во 2020 година Призма.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top