Македонија

Специјален известувач на ОН: Бугарската инструментализација на малцинствата во Албанија е сериозна закана за човековите права и безбедноста

Токму поради вакви појави уште во времето на Друштвото на народите бил воспоставен систем за меѓународна заштита на националните малцинства, со цел да се спречат интервенции на соседни држави во внатрешните работи на суверени држави под изговор на „заштита“ на малцинствата

Специјалниот известувач на Обединетите нации за малцински прашања, проф. Николас Леврат, обраќајќи се на Форумот за малцински прашања во седиштето на ОН во Женева, во рамки на официјалната сесија организирана од неговиот мандат, даде јасен и принципиелен одговор на излагањето на Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), посветено на положбата на македонската заедница во Албанија.

Во своето обраќање, Специјалниот известувач истакна дека му било особено значајно нагласувањето дека Македонците во Албанија, односно македонскоговорните граѓани, отсекогаш биле мирољубиви и лојални на државата Албанија, нагласувајќи дека ваквите сомнежи за лојалноста на малцинствата се честа и погрешна појава во многу држави.

Тој потенцираше дека зад легитимните барања за јазик, култура и идентитет од Македонците не смее да се гледа скриена политичка агенда, нагласувајќи дека „ова е прашање на човекови права, а не прашање на лојалност кон државата“.

Посебен акцент во своето излагање Специјалниот известувач стави на мешањето на соседни држави во малцинските прашања, при што директно се осврна на случајот со Бугарија и обидите за инструментализација на малцинствата во Албанија. Тој истакна дека во такви ситуации малцинските прашања ја надминуваат рамката на човековите права и стануваат прашање на меѓународен мир и безбедност.

Специјалниот известувач потсети дека токму поради вакви појави уште во времето на Друштвото на народите бил воспоставен систем за меѓународна заштита на националните малцинства, со цел да се спречат интервенции на соседни држави во внатрешните работи на суверени држави под изговор на „заштита“ на малцинствата.

Тој нагласи дека злоупотребата на малцинските прашања како политички инструмент може да доведе и до сериозна внатрешна дестабилизација на државите, но и до загрозување на регионалната и меѓународната безбедност, наведувајќи дека ваквите практики, за жал, се користеле и како оправдување во современи конфликти, со јасни последици врз мирот и стабилноста.

Во тој контекст, Специјалниот известувач нагласи дека оваа безбедносна димензија на малцинските прашања е тема на која активно работи и која ќе биде предмет на неговите извештаи до Генералното собрание на ОН, Советот за безбедност и земјите членки.

На крајот од своето обраќање, тој ја истакна улогата на Советот на Европа како најсоодветен институционален механизам за унапредување и заштита на малцинските права, потсетувајќи дека Албанија е потписничка на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и дека постојат јасни и функционални европски механизми за справување со ваквите прашања.

Во своето обраќање пред Форумот, Васил Стерјовски нагласи дека македонската заедница во Албанија е автохтона, мирољубива и конструктивна, но соочена со системски предизвици во областа на образованието, политичката застапеност, медиумската видливост и економскиот развој.

Тој особено укажа на политичкиот притисок од страна на Бугарија, која, според него, преку својата позиција во Европската унија врши обиди за асимилација на Македонците во Албанија, вклучително и преку мешање во внатрешните процеси на земјата и влијание врз процеси како пописот на населението.

„Нашата цел не е конфронтација, туку еднакви права, достоинство и вистинска заштита на македонската заедница во согласност со меѓународните стандарди“, порача Стерјовски.

Поврзани вести

Не запираат глупавите тврдења од Софија насочени против Македонците

Најново антимакедонско лудило од Бугарија: Напад врз великанот Јонче Христовски

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ повикува на истрага за трошењето на парите во згаснатото СЈО

Политичкото влијание освен по присуството на лица од раководството на СДС, се гледало и преку присуство на нивни советници. Оттука СЈО наместо институција за спроведување на закон, главно било собиралиште на раководството на СДС

Научна конференција „Триесет години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров“: кој го нарача обидот да биде убиен и зошто?

Утре во Филозозофскиот факултет во Скопје ќе биде одржана научна и стручна конференција на тема „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на Армијата на Република Македонија“. Како што истакнуваат од одборот за одржување на конференцијата, таа би требало да даде одговори на четири најважни прашања: (1) кои беа причините и мотивите за атентатот? (2) кои се можните нарачатели и извршители? (3) дали можеше да биде спречен атентатот и зошто не беше? (4) зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања?

Најбараното патување со воз во Туркије: Од Анкара до Карс – комфор, историја и впечатливи снежни глетки

Расте интересот за познатиот туристички воз на Туркије, наречен Туристички источен експрес, што сообраќа на релација Анкара – Карс. Ова патување со железница денес важи за едно од најбараните и најпопуларните, наменето токму за туристи.

To top