Македонија

Списанието „Тајмaут“ го нарече Скопје „Лас Вегас на Балканот“

Главниот град

Списанието „Тајмaут“ сподели листа на „најпотценетите дестинации во светот што треба да ги посетите во 2026 година“, а на неа се најде и македонската престолнина. Уредничката за патувања на изданието, Грејс Брд издвои 33 градови и знаменити месности од целиот свет, а Скопје е на 8. место.

„Не без причина Скопје е наречен ‘Лас Вегас на Балканот’. Македонскиот главен град е земја на чудата со кичести статуи, вклучувајќи ја и репликата за почит на Триумфалната порта од Париз и 22-метарскиот Воин на коњ со фонтана. Ако чувството дека посетувате тематски парк за возрасни не е доволно, тука е и историскиот пазар – Старата чаршија, совршен за попладне минато во пешачење“, напишала таа.

Редакцијата на „Тајмаут“ го препорачува македонското тавче-гравче, коешто не е тешко да се најде во Скопјe.

На топ-листата се најдоа и полуостровот Оса (Костарика), градот Кари-ле-Руе (Франција), автопатот „Тиога пас“ (Калифорнија, САД), Филандија (Колумбија), Ишикава (Јапонија), Сребреник (Босна и Херцеговина), Флам (Норвешка), Њукасл (Австралија) и многу други.

Најнови вести од: Македонија

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Да беше жив Јонче ќе го соблечеше палтото – Карерас пееше една од неговите легендарни песни

Изведбата на Карерас на антологиската песна, оригинално создадена од Јонче Христовски, предизвика огромни овации, силни емоции и воодушевување кај многубројната публика на преполниот плоштад ,,Македонија”

Најнови вести

To top