Македонија

Спонтан бил пречекот на Груби од домашен притвор (ВИДЕО)

Секое изразување поддршка од страна на граѓани или групи е нивен личен избор

„Одбраната на Артан Груби ја информира јавноста дека се оградува од самоиницијативното одржување на собир на граѓани, соседи и пријатели, по повод укинувањето на мерката домашен притвор за Артан Груби по 8 месеци притвор.

Собирот бил спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки, и без политички одбележја.

Со огномет и факели прославено излегувањето на Груби на слобода (ВИДЕО)

Укинувањето на мерката претставува одлука на надлежните органи во рамките на законски предвидените постапки. Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста“, велат адвокатите во соопштението во кое потенцираат дека Груби „не учествувал во организацијата, ниту таа претставува некаков негов политички став или иницијатива“.

„Секое изразување поддршка од страна на граѓани или групи е нивен личен избор и не треба да се поврзува со одбраната. Нашиот фокус останува исклучиво на правните аспекти на предметот, заштитата на правата на Артан Груби и обезбедувањето законита и правична постапка“, вели одбраната.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска Давкова: Токму театарот нè учи да погледнеме подалеку од разликите

Ја повтори минатогодишната желба – детскиот театар конечно да добие пристоен дом, каков што заслужуваат неговите талентирани и вредни станари и нивните најчести и најверни гости- децата! 

Кои средношколци ќе го освојат милионот? Започна натпреварот за најдобра бизнис-идеја

Средношколците од цела Македонија повторно имаат можност да освојат 1.000.000 денари за своја бизнис-идеја. Започна второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја на средношколци, во организација на Brainster Next College и NU High School Academy, а пријавувањето е отворено до 8 ноември на milioner.mk. Право на учество имаат сите средношколци од прва до четврта година, од државните и приватните средни училишта.

To top