Македонија

ССМ на протест, дел од улиците во Скопје блокирани

Сојузот на синдикати на Македонија денеска во 12:05 часот ќе го почне протестот со барања за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 100 евра

 

Синдикалниците ќе се соберат пред зградата на ССМ и ќе маршираат кон Собранието и Стопанската Комора, по што ќе се упатат кон зградата на Владата.

„Барањето за зголемување на минималната плата за 200 евра е оправдано затоа што работниците во Македонија тонат во сиромаштија. Околу 160.000 работници според податоците на Управата за јавни приходи имаат плата под прагот на сиромаштијата или под 31,200 денари“, изјави вчера претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Според ССМ, во последните две години синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за повеќе од 10.000 денари наспроти усогласувањето на минималната плата од 1.600 денари што го ветува Владата.

Од ССМ посочуваат и на можни нови поскапувања по случувањата на Блискиот Исток.

Владата останува на ставот минималната плата да се зголеми само за 1.600 денари според законското усогласување, а за повисоко зголемување треба да преговараат работниците и работодавачите.

Премиерот Христијан Мицкоски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека протестот е политички мотивиран.

Поради протестот денеска за сообраќај ќе бидат затворени некои улици во центарот на Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Македонија фактор на енергетската стабилност: Намалени акцизи, намален данок, најевтини горива во регионот

Цената на горивата нема да отиде над 100 денари, дизелот останува ист, бензинот поевтин за два денари по литар. И покрај нагорните трендови на светските берзи, македонските граѓани ќе продолжат да плаќа најевтини горива во регионот. Владата и официјално ги намали акцизите, 4 денари за нафтата и 2 денари за бензините. На сила уште најмалку […]

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Околу 65 килограми марихуана запленети кај Градско, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик

Oд 1 септември ќе биде пуштена во сообраќај првата линија на „Градски воз“

Проектот Градски воз напредува одлично, до јуни ќе биде завршена линијата од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода до Нова железничка станица, а од 1 септември пуштена за сообраќај, информираше министерот за транспорт Александар Николоски.

To top