Македонија

Стефковски и Ѓорѓиевски садеа дрвца во Парк шумата Гази Бабa: Пошумуваме каде што гореше

Во рамки на акцијата биле засадени вкупно 1.500 медоносни садници од видовите јасен, багрем и јавор, кои имаат големо значење за подобрување на квалитетот на воздухот, збогатување на биодиверзитетот и поддршка на пчелниот фонд

 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски заедно со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска учествуваа во голема еколошка акција за засадување на нови садници во Парк шумата Гази Баба, на локација која летово беше зафатена од пожар.

Целта е јасна, објави Стефковски на Фејсбук:  обнова и заштита на природата и создавање поздрав животен простор за сите граѓани.

Во рамки на акцијата биле засадени вкупно 1.500 медоносни садници од видовите јасен, багрем и јавор, кои имаат големо значење за подобрување на квалитетот на воздухот, збогатување на биодиверзитетот и поддршка на пчелниот фонд.

Садниците, како што нагласи Стефковски, се обезбедени преку донација од задружението Сојуз на ротари клубовите во Македонија, на кои им изрази искрена благодарност.

„Како дел од нашите напори за ревитализација и враќање на зеленилото таму каде што беше уништено, со оваа акција испраќаме силна порака дека природата може и мора да се обновува, доколку сите заедно покажеме одговорност, солидарност и грижа кон животната средина“, истакна Стефковски.

Во активноста учествуваа бројни волонтери, претставници на институции и граѓани, кои со својот личен ангажман покажаа дека заедничката акција е клучна за позитивни промени, додава тој.

„Грижата за природата е грижа за иднината на нашите деца, а ваквите акции се чекор поблиску до позелено, почисто и поубаво Скопје. Заедно градиме одржлива и еколошки свесна заедница“, порача Стефковски.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top