Македонија

Стерјовски: Празниот простор што го оставија Албанија и Македонија во Општина Пустец го пополнува Бугарија

Поседувањето бугарски пасош не значи дека лицето е Бугарин, бидејќи државјанството и националната припадност се две различни категории

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, гостуваше во емисијата „Конак“ на телевизијата СОТ7, каде говореше за бугарските донации во Општина Пустец, бугарските пасоши, пописот на населението и односот на албанската и предходната влада во Скопје кон македонското малцинство во Албанија.

Стерјовски нагласи дека МАЕИ не се против хуманитарната помош или бесплатните медицински прегледи за жителите на Пустец, туку против, како што истакна, политичката и медиумската употреба на тие активности за создавање впечаток дека во општината живеат Бугари.

„Ние бевме против донациите што дојдоа токму од фондации од Бугарија и кои овие донации ги искористија во медиумите за да покажат дека во Општина Пустец живеат Бугари“, рече Стерјовски.

Во разговорот, новинарот Фроку посочи дека Пустец има сериозен недостаток од лекари, амбуланти, аптека и друга здравствена инфраструктура и постави прашање зошто би било спорно доаѓањето на бугарски лекари кои бесплатно прегледуваат жители.

Стерјовски се согласи дека состојбата со здравствената инфраструктура во Пустец е сериозна, но оцени дека токму ваквата состојба создава простор за политичко влијание.

„Најпрво вината е на нашата држава во која живееме нè остави во таа состојба. Овој вакуум сега го користи Бугарија за да го исполни, а тоа што го прави, го прави токму за овие цели“, истакна претседателот на МАЕИ.

Тој посочи дека според него, хуманитарните активности не треба да се претвораат во политичка пропаганда, особено во периодот на пописот.

Стерјовски посебно се осврна на прашањето за бугарските пасоши, нагласувајќи дека нивното добивање за дел од албанските граѓани претставува финансиски бизнис во кој се плаќаат значителни суми, а не доказ за националната припадност.

„Ние не сме против луѓето, ако сакаат – кој сака нека земе. Не сме против тоа што самите жители ќе прават. Но, бугарските пасоши не се бесплатни – тие се купуваат“, истакна Стерјовски.

Стерјовски: Бугарски пасош во Пустец се продава за „само“ 20.000 евра

Гостувањето во „Конак“ отвори поширока дебата за положбата на Македонците во Албанија, односите меѓу Албанија, Македонија и Бугарија, влијанието на бугарските активности во Мала Преспа и правото на македонската заедница слободно да го изразува својот национален идентитет.

Во продолжение “Македониум” го објавува преведено и титлувано на македонски јазик видео од гостувањето на претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, во емисијата „Конак“ на aлбанската телевизија СОТ7.

youtube.com/watch?v=2raQvpe81kI&feature=youtu.be

Најнови вести од: Македонија

Денес предадено во употреба новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопско Ченто со 30 училници – вложени околу 2,8 милиони евра

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.

Охридското езеро денеска порибено со 100 илјади единки охридска пастрмка – во 2027 со уште 1 милион и 550 илјади

Охридското Езеро денеска ќе биде порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, подмладок со просечна тежина од 4,2 грама, со што ќе биде заокружено порибувањето за оваа година – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид. Тој оцени дека досегашните резултати во обновувањето на популацијата на […]

ВМРО ДПМНЕ за случајот „Михаилова“: Како може невролог да дава мислење за хирургиски зафат во Бугарија?!

ВМРО-ДПМНЕ упати обвинувања до докторот Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев во врска со случајот со Ива Михаилова, барајќи одговори за медицинските постапки и одлуката за нејзино лекување во Бугарија.

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектора, со тоа ќе се зголеми драматично геостратегиското значење на Македонија!

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, којa ќе биде користа за граѓаните и кога може да се очекува да заврши.

Најнови вести

To top