Македонија

Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи бара Стојановски

Го повикуваме ЈО веднаш да го истражи случајот и неселективно да постапи по истото вели во изјавата Стојаноски

Докторот и сопственик на клиниката Жан Митрев, во интервју на национална телевизија, кажа дека Венко Филипче и Зоран Заев, му се заканувале со цел да му ја одземат болницата, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и Филипче сакале да добијат сопствеништво врз болницата „Жан Митрев“(ВИДЕО)

„Во екот на судскиот случај којшто се одвивал против Митрев, кога биле на власт и од позиција на моќ, големците Филипче и Заев, едниот како премиер, другиот како министер за здравство, искористиле момент и преку свои далеку познати методи и пракси, сакале да му го земат сопствеништвото врз клиниката Жан Митрев“, потенцира Стојаноски.

Филипче: Тужба за клевета, Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава

„Преку институциите, на Митрев му биле блокирани личната сметка и сметката на болницата, а притисокот одел дотаму што имал и забрана за продажба на истата. Во своето сведоштво, Митрев вели дека откако одредени поединци од тогашната власт, тука секако се мисли на Заев и Филипче, изразиле желба да му ја одземат болницата, по само една недела ЈО му ја отстранило забраната. Како е ова можно се прашуваме?

Исто така, др. Жан Митрев обелоденува дека сакале да му ја откупат болницата, по цена далеку пониска и од реалната и од пазарната.

ВМРО-ДПМНЕ е згрозено од тоа до каде Филипче заедно со менторот Заев, биле спремни да одат само за да се збогатат. Додека луѓе умираа секојдневно од КОВИД кризата, за којашто Филипче и Заев не обезбедија вакцини навремено, тие се занимавале со сценарија за одземање на сопствеништвото на Жан Митрев во истоимената болница. Наместо да мислат на добробитот на граѓаните, за ова дуо слушаме, згради, автокомпании, авиокомпании, анекси, договори, тендери, набавки, па сега и болници.

Го повикуваме ЈО веднаш да го истражи случајот и неселективно да постапи по истото“, нотира во изјавата Стојаноски.

Најнови вести од: Македонија

Алиу: Пациентите со ретки болести нема да чекаат ниту ден

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави значајна промена во постапката за обезбедување лекови за пациенти со ретки болести – за првпат во државата ќе се отвори тендерска постапка за три години, наместо годишно.

Посебен сообраќаен режим во Тетово, Гостивар и Дебар поради посетата на Бајрам Бегај

Денеска, 28 февруари 2026 година (петок), во Тетово, Гостивар и Дебар ќе важи посебен сообраќаен режим поради завршувањето на тридневната официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

To top