Македонија

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ е пак нападната од политичко-разузнавачкото лоби на СДС, но овој упад во разузнавачките служби ќе се расчисти и секој ќе одговара!

„Имаме сериозни сомневања дека можеби Јавното обвинителство е вмешано во скандалот со прислушувањата.“ – изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

„Ова е четврти пат како ВМРО-ДПМНЕ е цел на политичко разузнавање, но ова нема нема да помине како претходните случаи, кои не завршија со правда.“ – изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски вечерва, на 10 септември 2025 година во гостувањето во „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија, осврнувајќи се на скандалот со прислушкувањето. Според него, СДС направи државен удар со користењето на ресурсите на АНБ и АР повеќе од пет години и тоа за политички и лични цели.

„Единствени, кои треба да бидат и се уплашени од ова, се СДС и личностите, што арбитрираат околу нив, особено поранешниот директор, којшто сега гледавме дека дава панични интервјуа, бидејќи тие знаат кои деликти сториле. Ова е нешто, што се граничи со државен удар, бидејќи многу сериозни ресурси на АНБ и АР повеќе од пет години биле користени за политички и лични цели на личности блиски до претходната власт.“ – посочи Стојаноски.

Тој запраша зошто досега јавниот обвинител, и покрај сите докази, нема објавено во јавноста дали е започната истрага, бидејќи, како што нагласи, постои оправдано сомневање дека и јавното обвинителство е вмешано во овој скандал.

„Добро знаат од СДС дека прашањата, што ги поставуваат на прес-конференции наместо на ВМРО-ДПМНЕ, треба да му ги постават на Љубомир Коцевски и на ЈО и од таму да ги бараат одговорите. Ова е скандал, за којшто ние имаме сериозни сомневања дека можеби ЈО е вмешано во ова.“ – кажа пратеникот Стојаноски.

Тој нагласи дека ова е четврти пат како ВМРО-ДПМНЕ е цел на политичко разузнавање и напомна оти тоа нема да помине како претходните случаи, кои не завршиле со правда.

„Ова е четврти пат нашата политичка партија да биде нападната од еден триаголник на политичко разузнавачко бизнис лоби. Но можам да гарантирам дека ова мочуриште на овој триаголник ќе биде исушено и оти конечно овие луѓе ќе одговараат. Кој ја издал наредбата за да бидат оперативно вработувани овие личности, за кои цели, кој ги избрал личностите, што треба да бидат следени, и каде завршувале тие информации? Нека не се лажат дека ова ќе помине како претходните случаи со ваков удар или упад во разузнавачките служби! Овој скандал ќе биде расчистен докрај и секој, до последниот, ќе одговара!“ – заклучува Стојаноски.

Најнови вести од: Македонија

Стоп за деца и малолетници на социјалните мрежи

Според анкета на  Институтот за демократија – Социетас цивилис Скопјеоддржуваат  дури 78% од  граѓанитете поддржуваат забрана за пристап до социјални медиуми за деца под 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

To top