Македонија

Стојановски: Минималната плата ќе порасне толку колку ќе се договарат работодавачите и работниците

Усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, а Владата ќе ја поддржи одлуката.

 

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија, изјави дека минималната плата ќе порасне така како што ќе се договарат работодавачите и работниците, со оглед на тоа дека Владата во овој дијалог ги има испочитувано до крај своите права или обврски кон оние на коишто е работодавач, бидејќи 99% од државната управа има склучено колективни договори со Владата“.се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски нагласи дека усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, потенцирајќи дека Владата ќе ја поддржи одлуката.

„ За нас, ете и за мене лично, оној став дека најдобрата плата е таа која што ќе биде реално исплатена, е едноставно најдобра плата, бидејќи на крајот од денот работниците треба таа плата и да ја примат. Ние можеме тука да лицитираме со бројки коишто сметаме дека можеби се примамливи, но на крајот од денот треба да гарантираме дека тоа коешто ќе го кажеме, носиме одговорност и дека ќе биде исплатено“, рече пратеникот Стојаноски.

ССМ на протест, дел од улиците во Скопје блокирани

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top