Македонија

Тачи се нуди да биде дел на Владата, „ако се деблокира евроинтеграцијата“, но и лидер на Вреди, „ако го прифатат“!

Многу самонудења на лидерот на ДПА Мендух Тачи, со многу услови, за да му ги прифатат, ама и натаму ниедна самопонуда не му се прифаќа…

Во емисијата „Дебата“ на ТВ 21 вечерва Мендух Тачи рече дека е „подготвен да стане дел од Владата, само ако деблокирањето на процесот на интеграција се стави на дневен ред“, додавајќи оти сепак „нема добиено покана за ова“. Тој се понуди да стане и лидер на коалицијата Вреди, „ако го прифатат“. Ова го објави ТВ 21.

Телевизијата наведува: „Подготвен сум да седнам со премиерот и да го поддржам, да ја поддржам Владата, да ја поддржам и Вреди, само ако го стават деблокирањето на процесот на интеграција на дневен ред. По ова сум подготвен сум да разговарам и за другите теми. Но не сум добил никаква покана.“ – посочи Тачи во емисијата.

Запрашан во врска со можноста да стане дел од коалицијата Вреди Тачи одговори: „Можам да станам и член на Вреди, ако тие прифатат да станам претседател на Вреди. Точка.“

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top