Македонија

Таравари: Без Мимоза АА ќе биде посилна

Оние што ја напуштија Алијанса за Албанците не мислат на народот, туку се заинтересирани само за власта, порача лидерот на АА, Арбен Таравари на вчерашната средба со греѓани на Куманово. За случувањата во редовите на АА и околу одлуката на пратеничката Мимоза Муса да продолжи како член на коалицијата БРЕДИ, Таравари изјави дека „ние ја […]

Оние што ја напуштија Алијанса за Албанците не мислат на народот, туку се заинтересирани само за власта, порача лидерот на АА, Арбен Таравари на вчерашната средба со греѓани на Куманово.

За случувањата во редовите на АА и околу одлуката на пратеничката Мимоза Муса да продолжи како член на коалицијата БРЕДИ, Таравари изјави дека „ние ја почитуваме секоја одлука, секој има свое убедување како да постапи“.

„По заминувањето на оние кои беа заинтересирани само за власт, Алијансата за Албанците ќе расте силно и ќе стане водечка политичка сила во иднина“, изјави Таравари.

Таравари нагласи дека партијата сега е почиста, бидејќи според него, оние што ја напуштиле АА не мислеле на народот.

„Оние што си заминаа не мислеа на народот, туку само на своите места. Некои од нив дури имаа и комуникациски канали со ДУИ“, додаде тој, алудирајќи на внатрешнополитичка чистка во партијата.

Инаку крилото на Алијанса за Албанците со кое раководи Таравари моментално функционира само со тројца пратеници, откако пратеничката Мимоза Муса се дистанцираше од АА и изјави дека ќе остане дел од коалицијата ВРЕДИ во владата.

Најнови вести од: Македонија

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

To top