Македонија

Таравари „спрема“ нов договор меѓу двете најголеми етнички групи во Македонија

Најавува нетериторијална конфедерација или федерација, односно за функционирање на општини со повеќе надлежности и повеќе финансии

 

Ннов договор меѓу двете најголеми етнички групи во Македонија, кој ќе биде во рамките на Охридскиот договор, предлага лидерот на едно од крилата на Алијанса на Албанците, Арбен Травари..

„Наскоро ќе го промовираме нашиот предлог за нов договор меѓу двете етнички групи што живеат во Македонија. Ова ќе биде столбот на ова и верувам дека нашата идна кауза ќе биде и фискална децентрализација, да речеме нетериторијална конфедерација или федерација, односно за функционирање на општини со повеќе надлежности и повеќе финансии“, рече Таравари во „Риштази“ на „КохаКаст“.

Таравари изрази длабоки сомнежи за функционирањето и перспективите на владејачката коалиција ВРЕДИ, опишувајќи ја како конгломерат од партии со различни идеологии, кој тешко може да се трансформира во обединета политичка структура.

Тој нагласи дека евентуалното обединување може да се случи само меѓу одредени субјекти, како што се БЕСА и Алтернатив, додека рече дека Демократското движење и групата на Арбен Фетаи се сосема различни структури.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

To top