Македонија

Темпeратурите по нагорна линија – до 40-ка

Најтопол ден се очекува да биде недела, кога дневните температури низ целата земја ќе бидат над 30 степени Целзиусови, додека во некои региони може да се приближат до 40 степени

Сончево и топло време со мала до умерена облачност, најавуваат синоптичарите. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура е во интервал од 12 до 21 степен, а максималната се очекува да достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Според најавата од УХМР, до понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде денеска и во деновите од викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 31 степен. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Најтопол ден се очекува да биде недела, кога дневните температури низ целата земја ќе бидат над 30 степени Целзиусови, додека во некои региони може да се приближат до 40 степени.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top