Македонија

Тетовецот А.Д. (31) ѝ се заканувал на невенчаната сопруга (36) дека ќе ја убие, ако не му купи стан и автомобил!

Вчера, на 1 април 2026 година околу 19 часот во Тетово полициски службеници го лишија од слобода А.Д.(31) од Тетовско.

-Полициските службеници постапиле по претходна пријава од неговата невенчана 36-годишна сопруга од Тетово дека ѝ се заканувал и оти од неа барал да му купи стан и кола, во спротивно ќе ја убие, информираат од СВР Тетово.

А.Д.  е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top