Македонија

„Тиквеш“ со нови меѓународни награди: Најдобар производител и најдобри вина во Германија и голем златен медал и специјална награда во Франција

Винарската визба „Тиквеш“ ја потврди својата доминација на меѓународните вински натпревари, овој пат освојувајќи вкупно 15 високи награди на престижните Mundus Vini Summer Tasting 2026 и Citadelles du Vin 2026, меѓу кои и специјални награди за најдобар производител и за најдобри вина од Македонија. Со новите успеси, винарницата уште еднаш докажа дека во земјава има потенцијал за создавање светски брендови кои во силна конкуренција се истакнуваат со своите уникатни вредности.

На Mundus Vini Summer Tasting 2026, „Тиквеш“ освои десет признанија од кои три се исклучително значајни специјални награди. „Тиквеш“ беше прогласен за најдобар производител од Македонија и ги освои наградите за најдобро вино од земјава во категориите бели и црвени вина. Наградата за најдобро бело македонско вино му припадна на Bela Voda White 2025, кое воедно освои и златен медал, додека наградата за најдобро македонско црвено вино му беше доделена на Barovo Red 2022, исто така одликувано со златен медал. Со злато од натпреварот се вратија и Babuna Red 2023, Bela Voda Red 2022, Luda Mara Red Cuvée 2024 и Babuna White 2025. Со новите успеси, македонската винарница уште еднаш го потврдува препознатливиот карактер на своите вина, кои и во силна меѓународна конкуренција се издвојуваат со својот тероарен потпис, комплексност и моќ. Особена тежина на овие резултати им даваат и строгите правила на Mundus Vini.

Согласно пропозициите на натпреварот, со медали може да бидат одликувани најмногу 40 проценти од сите пријавени вина. Во ваква селективна конкуренција, секое признание добива особена вредност, а двете Best of Show признанија за најдобро вино од Македонија и наградата за најдобар производител се издвојуваат како врв на овогодишниот успех.

„Овој успех е силна потврда дека вината што ги создаваме во ,Тиквеш’ се одликуваат со врвен квалитет, автентичност и успешно се издвојуваат и во најсилната меѓународна конкуренција. Особено нè радува што признанијата доаѓаат за вина од наши различни тероари и различни стилови, што покажува дека потенцијалот на македонското лозарство може да даде врвни резултати во широк спектар на вински категории. Наша амбиција е да продолжиме да создаваме вина со препознатлив печат и врвен квалитет, кои со право ќе го претставуваат македонското вино на светската сцена“, изјави Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на „Тиквеш“.

Одличниот резултат на „Тиквеш“ е потврден и на Citadelles du Vin 2026, каде водечкиот македонски вински бренд освои три златни одликувања. Domaine Lepovo Grand Cuvée 2023 беше одликувано со голем златен медал, а го освои и специјалното признание Prix Special Macedonia. Со златен медал беа наградени и Barovo Red 2022 и Bela Voda White 2023. На овогодишното издание на Citadelles du Vin учествуваа 369 вина од 16 земји, кои ги оценуваа 45 професионални дегустатори од 19 земји.

Последните награди на Винарската визба „Тиквеш“’ се резултат на континуираниот процес на унапредување на квалитетот, при што сите процеси почнувајќи од одгледување на виновата лоза па се производството на вино, се одвиваат согласно највисоките стандарди. „Тиквеш“ е единствена винарница во регионот која во континуитет применува иновации, алатки базирани на вештачка интелигенција и воведува дигитализација и зелени технологии. Сите активности се базираат на интегриран научен пристап што ја позиционира винарницата како лидер во современото лозарство и винарство.

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Интензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој изврши увид во […]

Теодосиевски: Дали се Лаен, Калас, Кос и Кошта навистина толку глупави, или го глумат тоа, дека „нѐ чекаат со идентитетот и јазикот во ЕУ“?!

„Госпожата“ фон дер Лаен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. – пишува аналитичарот Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Квака 22“ или: можно ли е да се толку глупи?’, која ја објави „Плус инфо“.

Новиот Кривичен законик предвидува затвор до 15 години за злоупотреба на државни пари!

Подготовката на новиот Кривичен законик започна уште во 2019 година. Целосно новиот Кривичен законик, со кој се предвидуваат казни затвор до 15 години за злоупотреба на службената положба и овластување и за злоупотреби при јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства, денеска беше ставен на првата од четирите јавни расправи во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Гласовите на Galaxy: Запознајте го лекарот од Мексико, чиј Galaxy Watch му помогна да се грижи за својата мајка, но и за себе

Гласовите на Galaxy (“Voices of Galaxy“) е серијал од вистински приказни што ги става во преден план Samsung Galaxy корисниците кои ја користат својата страст, креативност и решителност, заедно со технологијата, за да остварат позитивно влијание врз сопствените животи, заедниците и светот околу нив.

Мицкоски: Албанија и Црна Гора не се пред нас, нивниот пат кон ЕУ личи на автобус, што се ниша! Македонија предводи во реформите!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел да биде потврдена европската перспектива на регионот и најавите дека неговата интеграција во Европската Унија може наскоро да стане реалност. Тој оценува дека Македонија е меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите во рамки на Реформската агенда и дека земјата е „фронт-ранер“ во исполнувањето на обврските на патот кон ЕУ.

„Курир“: Уништени се бугарските противмакедонски прикаски, режирани од ДАНС, дека „Бугарите“ Петрески и Николски биле „тепани оти имале бугарска самосвест“!

„Дали по неуспешната пародија и срам со Ива Михаилова, бугарските медиуми, теледиригирани од тајната бугарска служба ДАНС, влегоа во нова офанзива со вистински напад врз сетилата на сопствените граѓани, бедно обидувајќи се на секоја физичка пресметка во Македонија да ѝ накалемат бугарски предзнак?“ – пишува порталот во својата статија со наслов „ Во еден ‘Колегиум’ уништени две бугарски противмакедонски прикаски: Пропадна обидот Петрески и Николски да се претстават како „тепани Бугари“!“

To top