Македонија

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Не е важно дали министерот за внатрешни работи е задоволен, туку граѓани да видат светло на крајот од тунелот е тоа е правдата

Не е важно дали министерот за внатрешни работи е задоолен, туку граѓани да видат светло на крајот од тунелот е тоа е правдата – ова е реакцијата на Панче Тошковски по одлуката на Вишото јавно обвинителство во живот да го врати предметот за мазутот. Тошковски бара храброст од обвинителството за до крај да ги истражат сомнжите за криминал, не само во овој туку во другите предмети со висока корупција.

Не е битно дали е или не е министерот за внатрешни работи задоволен од било која одлука на обвинителството, битно е дали граѓаните на крајот ќе видат правда во оваа Сизифовска битка за да ја видиме правдата на крајот на денот. Се надеваме дека ЈО ќе собере храброст, професионално ќе се посвети на сите детали, не само на овој туку на сите предмети за на крајот на денот ја видиме светлата точка во тунелот, а тоа е правдата која сите ја посакуваме – рече Тошковски.

Тошковски останува на тврдењата дека полициските истражители дошле до фрапантни информации кои секако треба да бидат расчистени до крај.

Јас кажав и претходно, кое со мене е споделено како информација кои работеле интензивно на тој предлог, кои се дел од МВР а упатени во ОЈО ГОКК.. Инфомациите кои што беа споделени со мене, а се поврзани со предметниот случај навистина сигурен сум дека ќе ја фрапираат јавноста кога ќе бидат споделени – рече Тошковски.

Вишото обвинителство пвторно ја отвори истрагата за милионскиот криминал со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, предмет за кој предходно обвинителството на Ислам Абази ја запре постапката. Пресвртот следи откако државната компанија ЕСМ вложи жалба, со која практично го изби аргументот на обвинителката Катерина Коларевиќ дека немало пријавена штета, па затоа немало ни криминал. Вишото обвинителство бара прецизно да се докаже кој директно, а кој со помагање овозможил од 167-те милиони евра државни пари, наменети за енергетската криза да завршат во приватни џебови.
Во фокусот на истрагата е фирмата РКМ која го добила тендерот и нејзините сопственици Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски. Меѓу осомничените беше и сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, син на пратеникот Исмаил Јахоски. Во истрагата е опфатен и екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство и се бара по меѓународна потерница за друг случајот – Адитив.

Најнови вести од: Македонија

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

To top