Македонија

Toшковски: Веќе се преземаат соодветни оперативни активности, заради обезбедување мирен и безбеден изборен процес

Раководствата на СВР Охрид и ОВР Струга го информираа министерот Тошковски за безбедносната состојба во регионот, посочувајќи на забележителните резултати во справувањето со насилниот криминал и видливиот напредок во подобрувањето на сообраќајната безбедност.

„Во пресрет на претстојните локални избори веќе се преземаат соодветни оперативни активности насочени кон обезбедување мирен и безбеден изборен процес.“ – изјави министерот за внатрешни работи на Република Македонија Панче Тошковски денес во текот на работните посети на Одделението за внатрешни работи во Струга и Полициската станица за гранични проверки кај Ќафасан.

Раководствата на СВР Охрид и ОВР Струга го информираа министерот Тошковски за безбедносната состојба во регионот, посочувајќи на забележителните резултати во справувањето со насилниот криминал и видливиот напредок во подобрувањето на сообраќајната безбедност – област во која и понатаму ќе се вложуваат дополнителни напори.

„Што се однесува до граничниот премин Ќафасан, во текот на оваа летна сезона е забележано зголемување на бројот на патници, кои ја поминале границата во споредба со истиот период минатата година. Во таа насока, заедно со албанските колеги работиме на примена на едношалтерскиот систем ‘Уан стоп’ (‘One Stop’), кој во комбинација со одредени инфраструктурни приспособувања ќе овозможи трајно решение за намалување на метежите и забрзување на протекот на патници и возила во текот на туристичката сезона.“ – нагласи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

To top