Македонија

Традиционална семакедонска средба во Трново

По 54-ти пат Светска македонска иселеничка средба и 45-та Погранична средба на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Владината делегација предводена од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и заменик министерот за економија, Марјан Ристески денеска беа на традиционалната 54-та СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА, Светска македонска иселеничка средба и 45 Погранична средба на Македонците од егејскиот дел на Македонија!

„Она што го имаме денес не е само наше, ниту пак е само за сега. Благодарение на минатото и затоа треба да го чуваме како безвременско, нешто што припаѓа колку на нашата, толку и на минатите и идните генерации Македонци.

Нека ни е честит и вековен Илинден! За многу години!“, објави на Фејсбук вице-министерката за Еврпски интеграции, Викторија Трајков“ која беше дел од делегацијата.

СМК: Семакедонска средба за Илинден во Трново

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top